Close Menu
Press24
    Најново

    Се обидел да си ги убие децата, па нападнал полицајци – МВР откри детали за ужас во Битола

    24.02.2026 во 22:24

    Тренчевска: Куќниот притвор е уште една потврда дека има дил

    24.02.2026 во 22:09

    Грција ја зголемува минималната плата

    24.02.2026 во 21:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Се обидел да си ги убие децата, па нападнал полицајци – МВР откри детали за ужас во Битола
    • Тренчевска: Куќниот притвор е уште една потврда дека има дил
    • Грција ја зголемува минималната плата
    • 30 камиони заглавени на Ќафасан: Блокада во Албанија ја парализираше границата со Македонија
    • Првите 100 дена на Герасимовски: Градежна офанзива во Центар, реконструкција на улици и подготовки за Дом за стари лица
    • Јаневска од Штип: Потребно е поткревање на квалитетот на високото образование во кое академската заедница ќе покаже проактивност
    • Земјотрес ја стресе Македонија
    • Петрушевски: Го разбирам револтот на јавноста откако Груби доби куќен притвор, но тоа е одлука на Обвинителството
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Тошковски мора веднаш да поднесе оставка по убиството во Велес

    СДСМ: Тошковски мора веднаш да поднесе оставка по убиството во Велес

    19.09.2025 во 09:432 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Последниот случај со фемицид во Велес покажа целосна неспособност на власта да обезбеди заштита на најважното –  човечкиот живот. За сите пропусти на институциите, мора да има политичка и кривична одговорност, се наведува во соопштението од СДСМ.

    „Министерот Панче Тошковски мора веднаш да поднесе оставка затоа што се покажа неспособен да ја гарантира сигурноста и безбедноста на граѓаните, особено на жените и децата.

    Наместо институција која треба да заштити човечки животи, Тошковски го претвори МВР во партиски сервис кој ги штити интересите на власта и бизнис интересите на ВМРО-ДПМНЕ.

    Скандалозните измени на Закон за полиција и Закон за внатрешни работи кои ги направи Тошковски го срозаа МВР, ги истиснаа професионалците и го претворија во партиски инструмент. Со тоа се изврши директен удар врз функционирањето на најважниот дел од безбедниот систем, а последиците граѓаните ги чувствуваат секој ден.

    Додека МВР се водат како партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните ќе живеат во страв.

    После сите случаи на фемициди, еколошки катастрофи, пожари, убиства, запалени возила, престрелки кои се случија додека Тошковски е на чело на МВР неговата одговорност е прв чекор кон враќање на безбедноста и спокојот на граѓаните.

    Време е полицијата да се врати во служба на народот, а не на партиските интереси на ВМРО-ДПМНЕ“, стои во соопштението од СДСМ.

    Featured

    Популарно

    Панчевски: Три пати ме ставија во Шутка поради Заев – Да не му треба и негувателка на Груби?

    24.02.2026 во 10:49

    Платите на функционерите ќе се скратат од 10.000 до 13.000 денари – парите ќе одат за здравството и образованието

    24.02.2026 во 11:59

    Подгответе се: Утре ќе нема струја до 15:30 часот, проверете дали сте на листата за исклучувања

    24.02.2026 во 16:00

    Се огласи Груевски: “Вистината е како шило, ќе боди лево-десно, напред-назад и оп на површина”

    24.02.2026 во 08:37

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.