Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41

    Ивон Величковски: Кое е тоа Собрание што ќе гласа против 150 или 300 илјади граѓани за ЕУ?

    20.09.2026 во 12:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Со кого Мицкоски договара дата центри

    СДСМ: Со кого Мицкоски договара дата центри

    30.08.2026 во 11:32Updated:30.08.2026 во 11:342 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДСМ го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека процесот околу најавените инвестиции во дата-центри не е доволно транспарентен и побара Владата да ги објави имињата на потенцијалните инвеститори, како и анализите за нивното влијание врз водните и енергетските ресурси.

    Од опозициската партија реагираат на изјавите на Мицкоски дека се разговара со пет до шест инвеститори, оценувајќи дека јавноста треба да знае со кого се водат разговорите и под кои услови.

    „Зошто не се објавуваат нивните имиња? Со кого се договара Мицкоски ‘под радарот’?“, прашуваат од СДСМ.

    Партијата бара одговори и за тоа колку вода, електрична енергија и земјиште би им биле потребни на потенцијалните дата-центри и дали нивното функционирање би можело да има последици врз снабдувањето на населението и земјоделството.

    Од СДСМ предупредуваат дека дата-центрите можат да бидат големи потрошувачи на вода и електрична енергија и дека пред носење одлуки мора да бидат објавени детални проценки за расположливите ресурси и можните трошоци.

    „Македонија нема ресурси за експерименти зад затворени врати, особено не со водата“, наведуваат од партијата.

    Според СДСМ, прашањето е особено чувствително во услови кога дел од населението се соочува со проблеми со водоснабдувањето, а земјоделството зависи од достапноста на вода за наводнување.

    Опозицијата бара и анализи за влијанието врз електроенергетскиот систем, оценувајќи дека јавноста мора да знае колкава моќност би барале планираните објекти, од каде ќе се обезбедува електричната енергија и дали тоа може да влијае врз цената што ја плаќаат граѓаните.

    Од СДСМ велат дека не се против инвестиции во нови технологии, но инсистираат тие да бидат реализирани со целосна транспарентност и во интерес на државата.

    „Инвестициите мора да бидат во интерес на Македонија, а не ресурсите на Македонија да се ставаат во функција на туѓи профити“, порачуваат од партијата, додавајќи дека водата, струјата и земјиштето се ресурси на граѓаните.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Во Македонија веќе не се живее – ни 1.500 евра месечно не се доволно

    20.09.2026 во 13:32

    Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

    20.09.2026 во 13:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.