СДСМ: Следува прочистување на правосудството, силна ефикасна правна држава е приоритет за Владата

Приоритет на новата Влада предводена од СДСМ е прочистување на правосудството, со комплетна и темелна проверка на имотот и материјалната состојба на секој судија и обвинител. Судиите и обвинителите имаат обврска да испорачаат владеење на правото во кое законот е еднаков за сите, а с удството мора да се прочисти, за чесните да можат да ги гонат сите кои се огрешиле пред законот.

 

Ова денеска го соопшти владејачката СДСМ. Оттаму велат дека судиите кои застаруваат предмети ќе бидат разрешени по автоматизам.

- Ќе биде извршена темелна ревизија на 5% од сите судски пресуди во последните 5 години, по случаен избор. Следува разрешница на сите предмети отворени од Специјалното јавно обвинителство.  За граѓаните, за иднината на државата важно е да се функционира силна ефикасна правна држава која бескомпромисно ќе се бори против криминалот и корупцијата. Затоа, обезбедуваме систем на прочистување на судството, за никогаш повеќе да не се избираат  судии од нечиј  тефтер, да не се носат судски пресуди по телефон, а политичари да диктираат обвиненија. Денес сите се еднакви пред законот и секој кој ги прекршува законите, се соочува со одговорност, се вели во дописот од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.09.2020 - 10:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа