СДСМ: Слаба е посетеноста на протестот на ВМРО-ДПМНЕ

 

Помпезно најавуваниот протест на ВМРО-ДПМНЕ издиша, граѓаните може да видат слаба посетеност и слаба организација, тврди владејачката СДСМ.

 

Според партијата, пред Владата дошле само соработниците на лидерот на партијата Христијан Мицкоски и партиски вработените кадри во општините каде градоначалниците се од ВМРО-ДПМНЕ.

 

-Граѓаните во градовите во внатрешноста сведочат на откажани автобуси и комбиња за организиран превоз за што доказ се бројните видеа и фотографии објавени во медиумите и по социјалните мрежи. Нереформираното ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоси знае само да брани криминал и да носи штета на државата, затоа денеска како и многу пати претходно ја нема поддршката на граѓаните. Граѓаните на Скопје, но и ширум државата, не го поддржаа Христијан Мицкоски и тоа е факт со којшто ќе мора да се соочи, се вели во дописот.

 

18.06.2022 - 20:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега