Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Се навршуваат 35 години од смртта на Сашко Гешовски, политиките на поделби се опасност за државата

    СДСМ: Се навршуваат 35 години од смртта на Сашко Гешовски, политиките на поделби се опасност за државата

    06.05.2026 во 11:332 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денес се навршуваат 35 години од загинувањето на Сашко Гешовски, првата жртва од Македонија во конфликтот што го доведе до распадот на Југославија. Политиката на омраза, националистичка пропаганда и вештачки создадени поделби тогаш целата земја ја втурнаа во крв и во трагедија, се вели во соопштението од СДСМ.

    „Само со мудрите политики на Киро Глигоров Македонија се избори за независноста по мирен пат.

    Теориите на Милошевиќ за „домашни предавници“, „странски платеници“ и „Србија нема да се наведувва “ од една страна, и националистичките политики од другата, доведоа до војна и пропаст.

    Денес, Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ ја повторуваат истата опасна формула.

    Тој систематски го дели општеството, поттикнува меѓунационални тензии, намерно создава конфликти со Бугарија и со Грција, фабрикува вести и дезинформации.

    Секој кој не се согласува со него е „предавник“, „мекотел“, „коленичи“, „талог на општеството“ или „мочуриште“.

    Истата реторика на омраза и поделби која нè доведе до трагедија пред 35 години, денес повторно се користи за да се заштити криминалната организација ВМРО-ОКГ и да се блокира европскиот пат на Македонија.

    Ние имаме избор:

    Дали ќе дозволиме Мицкоски и неговата организирана криминална група да нè вратат во 90-тите години – во изолација, сиромаштија и поделби, само за да ја заштитат својата власт и своите тендери?

    Или ќе одиме напред – кон светла европска иднина, во демократска заедница каде владее право, каде се гради просперитет за сите граѓани и каде Македонија станува полноправен дел од европското семејство?

    СДСМ јасно и недвосмислено стои на страната на мирот, единството и европската иднина.

    Сите заедно за подобра иднина!“, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.