Close Menu
Press24
    Најново

    Почина Љубомир Стојсављевиќ-Кучкар – Басистот на култниот „Бастион“

    24.03.2026 во 09:05

    Трагедија го расплака регионот:12-годишно момче почина откако по грешка испило отров

    24.03.2026 во 08:57

    19 години Универзитет „Гоце Делчев“-Штип

    24.03.2026 во 08:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Почина Љубомир Стојсављевиќ-Кучкар – Басистот на култниот „Бастион“
    • Трагедија го расплака регионот:12-годишно момче почина откако по грешка испило отров
    • 19 години Универзитет „Гоце Делчев“-Штип
    • Нов ценовен шок – Полн резервоар дизел од полноќ поскап за 1.500 денари
    • Исклучувања до 14 часот – Неколку населби во Скопје без струја
    • Награди за најдобра истражувачка сторија – „Никола Младенов 2025“
    • Повеќе од 50 уметници на сцена – „Глумците пеат“ во МНТ
    • Партија на пензионери ја поздравува одлуката на Влада за поевтинување на 300 лекови
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: По акцијата на САД против Мадуро, спие ли мирно Мицкоски поради врските со Орбан и Вучиќ?

    СДСМ: По акцијата на САД против Мадуро, спие ли мирно Мицкоски поради врските со Орбан и Вучиќ?

    04.01.2026 во 10:052 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    САД спроведоа дејствија поради криминални активности со дрога во Венецуела каде цел беше Николас Мадуро, велат од СДСМ. 

    „Пред оваа акција на САД кои беа политичарите и единствените земји во Европа кои го поддржуваа и развиваа соработка со Мадуро?  Тоа се блиските пријатели на Мицкоски, да не речеме негови деловни партнери: Орбан во Унгарија и Вучиќ во Србија. 

    Вучиќ најавуваше блиска соработка со Маудуро пред само неколку месеци а Унгарија со Орбан на чело беше негов поддржувач.

    Граѓаните многу добро ја знаат поврзаноста на ДПМНЕ на Христијан Мицкоски со СНС на Вучиќ. Освен што сите политики им се исти, освен што Мицкоски го спроведува истото сценарио на неговиот „стрико“ Вучиќ тука се и бизнис релациите кои СДСМ ги откри преку скандалот со Алта банка.

    Во неговото последно интервју Мицкоски зборува и за „блискиот пријател Виктор Орбан“, кого ЕУ го обвинува за корупција по скандалот со имотот што се води на името на неговиот татко. 

    Што е заедничко за сите овие десничарски политичари и големи пријатели? 

    Тоа што се отворија сериозни теми за криминал и корупција.

    Во САД се усвои Закон за Западен Балкан потпишан од претседателот, Доналд Трамп, со посебен акцент на криминалот и корупцијата на Балканот.

    Во законот се пропишува дека претседателот на САД воведува санкции кон секое странско лице за кое ќе се утврди дека е вклучено или се обидело да се вклучи во корупција поврзана со Западен Балкан, најдоцна во рок од 90 дена од денот на стапување во сила на Законот.

    Санкции се предвидени и за поединци и политики „кои ги подриваат демократските процеси или институции“ и за тешки кршења на човековите права.

    После сите овие случувања со големите пријатели прашањето е спие ли мирно Христијан Мицкоски?“, прашуваат од СДСМ.

    Популарно

    Почина Љубомир Стојсављевиќ-Кучкар – Басистот на култниот „Бастион“

    24.03.2026 во 09:05

    Трагедија го расплака регионот:12-годишно момче почина откако по грешка испило отров

    24.03.2026 во 08:57

    19 години Универзитет „Гоце Делчев“-Штип

    24.03.2026 во 08:43

    Нов ценовен шок – Полн резервоар дизел од полноќ поскап за 1.500 денари

    24.03.2026 во 08:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.