Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ: Орце Ѓорѓиевски итно да го реши проблемот со паркирањето во Ново Лисиче

    31.03.2026 во 10:39

    Општина Центар објави повик: Предучилишен музички настан – детски фестивал „Детелинка“

    31.03.2026 во 10:34

    Средба Славески- Шjиаочjинг Ју: Народната банка подготвена за влијанието од глобалните кризи

    31.03.2026 во 10:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Орце Ѓорѓиевски итно да го реши проблемот со паркирањето во Ново Лисиче
    • Општина Центар објави повик: Предучилишен музички настан – детски фестивал „Детелинка“
    • Средба Славески- Шjиаочjинг Ју: Народната банка подготвена за влијанието од глобалните кризи
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ на следните избори ќе освојат помалку од 100.000 гласа
    • Дамјан Гацов – Прв и најмлад Македонец помошник-тренер на универзитетски тим во САД
    • Го барале со потерница: Тетовчанец ќе лежи во затвор
    • Ужас ја потресе Македонија: Син осомничен за убиство, лажел дека таткото паднал во бања
    • Денес се празнува Свети Кирил, архиепископ Ерусалимски
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Орце Ѓорѓиевски итно да го реши проблемот со паркирањето во Ново Лисиче

    СДСМ: Орце Ѓорѓиевски итно да го реши проблемот со паркирањето во Ново Лисиче

    31.03.2026 во 10:39Updated:31.03.2026 во 10:422 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски наместо да најавува нова зона во Ново Лисиче најавена уште пред 4 години од Тимчо Муцунски и Данела Арсовска, нека го одложи стартот на зоната во Реонски Центар со цел да ги воведе и двете зони истовремено. Тоа е барањето на граѓаните. Го потсетуваме  Орце Ѓорѓиевски дека неговиот колега Дејан Митески уште во јули минатата година изјави дека Општина Аеродром изготвила проект и дека чека одобрување од Град Скопје за истовремено воведување на зонското паркирање во Ново Лисиче и во Реонски Центар, велат денеска од СДСМ во соопштение за јавноста.

    Граѓаните не забораваат. Истовременото воведување на зонското паркирање во Ново Лисиче и Реонски Центар е предизборно ветување на Дејан Митески.

    Трпението на жителите на Ново Лисиче е при крај. Градоначалникот Митески наместо да дели лекции за надлежностите на Општина Аеродром, нека седне со својот колега од Град Скопје и нека го договорат истовременото воведување на зонското паркирање во Ново Лисиче и во Реонски Центар.

    Парцијалното воведување на зонско паркирање прво во Реонски Центар, ќе предизвика уште поголемо продлабочување на хаосот со паркирањето во Ново Лисиче. И тоа Дејан Митески и Орце Ѓорѓиевски многу добро го знаат.

    Тоа што не го знаат е очигледно дека нивниот инает само го зголемува револтот на жителите на Ново лисиче кои немаат намера да останат неми во однос на ова прашање.

    Го потсетуваме Дејан Митески дека денеска е последен ден кога може да ја закаже итната седница на Советот на Општина Аеродром и заедно со Орце Ѓорѓиевски итно да го решат проблемот што вештачки го создадоа.  Доколку тоа не го направи нека биде подготвен да се соочи со револтот на нашите сограѓани од Ново Лисиче. 

    Популарно

    СДСМ: Орце Ѓорѓиевски итно да го реши проблемот со паркирањето во Ново Лисиче

    31.03.2026 во 10:39

    Општина Центар објави повик: Предучилишен музички настан – детски фестивал „Детелинка“

    31.03.2026 во 10:34

    Средба Славески- Шjиаочjинг Ју: Народната банка подготвена за влијанието од глобалните кризи

    31.03.2026 во 10:32

    ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ на следните избори ќе освојат помалку од 100.000 гласа

    31.03.2026 во 10:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.