Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Жена нападната од сопругот со кој се разведува
    • Мечка загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово
    • Денеска е Денот на Обединетите нации: 81 година од стапувањето во сила на светската Повелба за мир
    • Нови демонстрации ширум Албанија: Протестите продолжуваат, Еди Рама се закани со строги казни за насилниците
    • Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?
    • Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
    • Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец
    • Нови контроли од УЈП: Започна проверка на приливите од странство за 2021 година, испратени предупредувања до граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Народот стои финансиски лошо Мицкоски, исто и Буџетот

    СДСМ: Народот стои финансиски лошо Мицкоски, исто и Буџетот

    09.07.2026 во 20:062 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    За Мицкоски знаеме дека стои финансиски добро, ама народот воопшто не стои финансиски добро. Граѓаните се доведени до просјачки стап. Го бројат секој денар, прават невозможни математики како да го протуркаат месецот, со платата која едвај стигнува за храна, а не па за  сметки или други потреби, велат од СДСМ. 

    Лесно му е на Мицкоски, премиерот со колекцијата од најскапите часовници од 60 илјади евра.

    Човек кој не сака да чуе за 600 евра минимална пата, во услови кога само за покривање на основните трошоци за живот на едно четиричлено семејство му се потребни скоро 70.000 денари.Значи потребни скоро три минимални плати. 

    Потрошувачката кошничка поскапе за околу 10.000 денари за само две години. 

    Македонскиот работник е со најниски плати во Европа, додека цените ја јадат куповната моќ и животниот стандард.

    Фактите целосно го демантираат Мицкоски.

    Ако државата навистина стои добро финансиски, зошто Мицкоски и неговата Влада на средина од годината го потрошија цел дефицит и го испразнија буџетот?

    Ако сме толку финансиски добри, зошто се задолжуваат? За две години направија нови 2,5 милијарди евра долг- јавниот долг се искачи на скоро 11 милијарди евра. А со ова темпо на задолжување до крај на година нивото ќе се искачи на 61,5 % од БДП.

    Држава што финансиски стои добро не се задолжува неконтролирано, и парите не ги троши за криминални партиски тендери како што тоа го прави ВМРО, туку за мерки за граѓаните и за капитални проекти.

    Мицкоски сам себе се демантира. Вели дека финансиски стоиме добро, а носи ребаланс кој е признание дека не само што не стоиме добро финансиски, туку ќе стоиме и уште полошо.

    Финансиски добра држава не носи ребаланс во кој го намалува економскиот раст од 3,8% на 3,5%, не го зголемува дефицитот од 3% на 4,1 %, не ги зголемува расходите и не ги зголемува задолжувањата.

    Странските директни инвестиции во 2025 година паднаа за дури 61 проценти. Индустриското производство е во минус.  Бројот на работници во индустријата е намален за 2,6% во мај годинава споредено со истиот период лани, додаваат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

    24.10.2026 во 14:56

    СДСМ предупредува: Синдикалната кошничка со кирија достигна 90.000 денари – стандардот на граѓаните секојдневно паѓа

    24.10.2026 во 12:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.