Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Наместо намалување, граѓаните добија ново поскапување на горивата

    СДСМ: Наместо намалување, граѓаните добија ново поскапување на горивата

    20.07.2026 во 09:372 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денеска горивото повторно поскапе. Иако Христијан Мицкоски пред неколку дена најави намалување на акцизите, граѓаните сега со страв чекаат колку ќе поскапат сите останати производи, се вели во соопштението од СДСМ.

    -Секоја негова мерка доаѓа предоцна, секоја мерка е неефикасна и наместо да ги намали цените, го слабее буџетот и им носи дополнителни приходи на одредени компании.  Мицкоски делува повеќе како застапник на приватните интереси отколку како премиер кој треба да ги штити граѓаните. СДСМ со денови бараше и предлагаше конкретни мерки за да се запре линеарното поскапување на сите животни намирници и да се помогне на ранливите и загрозените категории на населението. Од Мицкоски немаше слух.  Неговата ароганција и очигледниот личен интерес преовладуваат на штета на граѓаните. Како и со сè што прави, и тука тој работи во туѓ интерес, велат тие.

    Додаваат дека „исто како што ја блокира европската интеграција на Македонија заради сопствениот интерес и интересот на организираната криминална група ВМРО, така и во економијата наместо да ги штити граѓаните, штити одредени компании”.

    -Додека инфлацијата останува висока, минималната плата не расте за да го следи растот на трошоците, а потрошувачката кошница е на ниво кое семејствата тешко го поднесуваат, Мицкоски продолжува со политики кои го празнат буџетот.  Парите од тендери и клиентелизам се трошат, а наскоро нема да има доволно средства ниту за редовна исплата на пензиите. Граѓаните не заслужуваат премиер кој секоја криза ја користи за да ги брани туѓите интереси наместо нивните, наведува опозициската партија.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.