Close Menu
Press24
    Најново

    Ограбена црква во кривопаланечко: Однесени пари и бакарен котел

    03.08.2026 во 15:55

    Приведен полицаец во Стар Дојран: Претепал жена со која бил во врска и нејзиниот малолетен син

    03.08.2026 во 15:39

    „Колапс“ на ГП Богородица: Се чека по три часа за излез од Македонија

    03.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ограбена црква во кривопаланечко: Однесени пари и бакарен котел
    • Приведен полицаец во Стар Дојран: Претепал жена со која бил во врска и нејзиниот малолетен син
    • „Колапс“ на ГП Богородица: Се чека по три часа за излез од Македонија
    • Гаши во Каиро: Македонија е пример за меѓурелигиски и мултиетнички соживот
    • Избегната трагедија: Приведен пијан пешак на автопатот Гостивар–Тетово, шетал по коловозот и навредувал полицајци
    • УХМР со најнови податоци: Гевгелија и Велес ги соборија денешните температурни рекорди
    • Приведен 52-годишен стружанец: Навредливо се однесувал кон службени лица на прославата за 2 Август во Ташмаруништа
    • Тешко повредено 4-годишно дете од Скопје: Во него удрило возило со швајцарски таблички
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Најголемата закана за македонскиот идентитет е криминалната група ВМРО

    СДСМ: Најголемата закана за македонскиот идентитет е криминалната група ВМРО

    06.05.2026 во 09:141 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ВМРО-ОКГ поднесе предлог-закон за пратениците од следниот состав да не може да имаат двојно државјанство, велат од СДСМ.

    „СДСМ предложи истиот закон да важи веднаш, а не од следниот состав на Собранието, и да важи за сите членови на Владата и носители на извршна власт. СДСМ поднесе и измени на Законот за Влада во Собранието.

    Од тој момент Мицкоски се повлече, ретерираше, се правдаше дека „мораат експерти да го проверат законот и Уставот“.

    Само уште не знаеме – кој Устав гледаат? Македонскиот или бугарскиот?

    Ова е вистинското лице на лажниот патриотизам на ВМРО-ОКГ:

    Се создава вештачки конфликт со Бугарија, опозицијата ја нарекуваат „предавници“, а самите си обезбедуваат бугарски пасоши за себе и за своите семејства.

    Пола ВМРО-ОКГ веќе има бугарски (европски) пасоши, затоа и не смеат да го изгласаат законот кој сами го предложија.

    Македонскиот идентитет не е загрозен од Европа.

    Најголемата закана за македонскиот идентитет е криминална група ВМРО, партијата која го користи за пропаганда, а самата живее со бугарски пасоши во џеб.

    Сè што прават е лага и лицемерие во служба на одржување на моќта и заштита на криминалот.

    Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!“, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Гаши во Каиро: Македонија е пример за меѓурелигиски и мултиетнички соживот

    03.08.2026 во 15:06

    СДСМ: Што навистина му се случило на Мицкоски во Ташмаруништа

    03.08.2026 во 10:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.