Мицкоски најавува големи промени и реорганизација, и во Владата и во партијата, се вели во соопштението од СДСМ.
„Во Владата ќе биде козметика. Ќе менуваат имиња, ќе прават фотосесии, ќе ни продаваат „нова енергија“.
А зад сè ќе остане истото, Мицкоски и неговата криминална група кои водат во изолација и продолжуваат со кражба.
Во партијата, пак, ќе биде чистка. Како и со потпретседателите.
Ќе ги отстрануваат сите кои не се 100% лојални, кои не се дел од фан-клубот на Мицкоски.
Ќе останат само оние кои безусловно го слушаат, кои не поставуваат прашања и кои се спремни да ја бранат истата политика на изолација и корупција.
Мицкоски не прави реформи.
Тој прави чистка на сите кои не му се доволно послушни.
И во Владата и во партијата, се сведува на исто:
Сè да остане под негова контрола.
Сè да биде негов фан-клуб.
Граѓаните не сакаат козметика. Сакаат правда и иднина.
Распишете референдум веднаш!
Реформи сега. Европа сега!“, стои во соопштението од СДСМ.


