Полицијата во моментов спроведува голема акција и претреси поради сомнежи за сериозен финансиски криминал тежок околу 350.000 евра, дознава Press24.

Според првичните и сè уште неофицијални информации, истрагата е насочена кон злоупотреби поврзани со јавни набавки.

Како што дознаваме, предмет на истрагата е „тендерот за одржување на терминалите и царинските простори“.

Во моментот на терен се одвиваат засилени полициски активности и се прибираат материјални докази.

Поради специфичноста на акцијата и законските процедури, досега нема официјално приведени лица.

Локалните извори брифираат дека осомниченото лице Стефан Богоев „не е приведено официјално сè уште бидејќи во моментов трае претрес“ на неколку локации.

Надлежните институции се очекува да излезат со официјални детали по завршувањето на сите претреси.

Exit mobile version