Управата за финансиска полиција, во координација со Основното јавно обвинителство, денеска спроведе акција во која се обезбедени четири лица осомничени за наводни злоупотреби поврзани со тендерска постапка која произлегува од Управата за царинско работење.
Според првичните информации, меѓу приведените е и поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, поранешен потпретседател на СДСМ и екс градоначалник на Општина Карпош. Меѓу лицата опфатени со акцијата е и Александар Спирковски, познат како Џемо, со живеалиште во Прилеп.
Осомничените, според информациите, се товарат за злоупотреби, финансиски малверзации и сомнежи за незаконитости поврзани со постапка за јавна набавка.
Надлежните институции засега не соопштуваат повеќе детали, а се очекува во текот на денот Управата за финансиска полиција и Основното јавно обвинителство да излезат со дополнителни информации за предметот и за конкретните сомнежи.
- Акција на Финансиската полиција: Приведен екс директорот на Царина Стефан Богоев
- Младите ќе добиваат грантови до 615.000 денари, обезбедени над 40 милиони евра за вработување – Усвоен Оперативниот план за 2026 година
- СДСМ: Мицкоски за брзо ќе ја чита рубриката „Верувале или не“ од Идризово
- Пуштен во употреба новиот базен во Карпош: Бесплатни часови по пливање за сите деца од прво до трето одделение
- Доаѓа „Ел Нињо“- не очекуваат екстремни температури и топлотни бранови
- Голема акција на МВР: Тракторист со 1,74 промили нападнал полицајци во Берово, уапсени уште 8 возачи низ земјава
- Владата воведе забрани на езерата: Одредени терминските ограничувања за скутери и чамци во Охрид, Преспа и Дојран
- Пресметка во Кочани: Прво го киднапирале со автомобил и го претепале, па пријателите му го искршиле возилото со метални шипки


