Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: На денот кога Кошта го потврди СДСМ – Мицкоски го апси Богоев

    СДСМ: На денот кога Кошта го потврди СДСМ – Мицкоски го апси Богоев

    03.06.2026 во 10:14Updated:03.06.2026 во 11:133 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДСМ реагира дека на денот на посетата на претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта на Македонија, кога тој, како што наведуваат од партијата, ги потврдил ставовите на СДСМ и порачал дека без внесување на малцинствата во Уставот нема поместување од мртва точка, бил отворен предмет за Стефан Богоев.

    Од партијата прашуваат дали, како што велат, постои доверба во „партизираното судство и обвинителство“, по наводните „нарачки“ од страна на Христијан Мицкоски, преку собраниската говорница, на телевизија и, како што тврдат, директно преку телефон.

    СДСМ ова го наведува во соопштение до јавноста.

    Политички прогон, обид за дефокусирање од критиките што доаѓаат од Европската Унија, откако уште еднаш се потврди дека Македонија стои во место поради криминалот и корупцијата на власта и поради неспроведувањето на реформите? 

    Тоа најдобро го знае самиот Мицкоски, кој денес се однесува како организатор на секој процес во државата.

    Мицкоски со неговите „чувства“ веќе со денови јавно го најавуваше ова апсење.

    Додека режира спектакли за јавноста, остануваат неодговорени многу сериозни прашања. 

    Со месеци нема одговор што се случи со петте тони дрога што ја поминаа границата и завршија кај сестринската партија СНС.

    Нема одговорност за низа скандали кои ги објави Антикорупцискиот тим на СДСМ. Нема ништо за 161 тендер за семејна фирма на Томовски, за 93 тендери за Мастеф, за 51 тендер за „Пирамид Билдинг“, за  74 тендери за „Ленди Груп“, за 9 милиони евра за фирма со двајца вработени, за 1,2 милиони евра тендер преку Пошта за фирма блиска до ЗНАМ.

    Нема борбата против криминалот и корупцијата, нема реформи, нема напредок кон ЕУ.

    Наместо институции што работат независно, гледаме јавни најави на истраги и апсења од страна на премиерот Мицкоско, што ги потврдува сериозните сомнежи за целосно политичко влијание врз правосудниот систем.

    Оваа техника – прво најава, потоа апсење, па водење кампања против опозицијата – Вучиќ ја практикува со години. Мицкоски и тука работи по принципот copy-paste.

    Кога знаеме дека ВМРО изгуби околу 150.000 гласа и дека поради лагите на Мицкоски неговиот рејтинг сериозно опаѓа, граѓаните можат само да помислат дека и ова е уште една од познатите ПР-кампањи на ВМРО и организираната криминална група.

    Наместо резултати, гледаме спектакли. Наместо реформи, гледаме политички театар. Наместо одговори за реалните проблеми на граѓаните, гледаме обиди за дефокусирање на јавноста.

    Мицкоски постојано создава театар за јавноста. Театар има секој ден. Резултати нема. Затоа на Македонија ѝ се потребни независно судство, независно обвинителство и соработка со Европското јавно обвинителство.

    Само така граѓаните ќе можат да ја вратат довербата во институциите. Само така секој што се огрешил од законот ќе одговара, без разлика на функцијата, партијата или политичката припадност.

    Затоа Фронтот се обедини околу најважната работа – Антикорупцискиот закон.

    Законот мора да биде еднаков за сите. Секој што се огрешил од законот мора да одговара.

    Just In
    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.