Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација

    28.10.2026 во 21:16

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки

    28.10.2026 во 20:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
    • Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
    • Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
    • Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
    • „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва
    • Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Мицкоски ѝ врти грб на ЕУ

    СДСМ: Мицкоски ѝ врти грб на ЕУ

    26.08.2026 во 09:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ, пишува во денешното соопштение на СДСМ.

    -Мицкоски се обидува да објасни дека токму нему лично не му оди во процесот на преговори со ЕУ – бидејќи, како што самиот рече, тој „разговара“, а не „преговара“, што не е ни чудо што не му оди. Второ, по сите лажни ветувања, овој тендер-патриот, лидер на промакедонска партија (бидејќи не може да биде лидер на македонска партија каде со бугарско државјанство се речиси цело раководство), шеф на организираната криминална група, сега не може да им каже на своите гласачи дека сè било лага. Не може да им каже дека нема подобри услови, дека нема гаранции, дека нема „половични“- членства со Вучиќ, дека нема ништо од тоа. Не може да им го каже тоа, но веќе и не мора – денес тоа им е јасно на сите, велат од опозицијата.

    Додаваат дека Мицкоски сега се обидува да протурка нова теза.

    -Нема ЕУ – вели Мицкоски, премногу им дадовме, а не добивме ништо.

    Воопшто не спомнува дека не ги завршил реформите што ги вети уште во јуни, со пролонгирањето од една година што го доби минатата година. Што вели Мицкоски? Вели дека би бил пресреќен за воведување уште построги визи за македонските граѓани – затоа што не очекува укинување на сегашните, каде што сме на листата на трети земји… туку вели дека ќе има уште поцврсти врски и соработка. Но што сака всушност да објасни? Дека ѝ врти грб на ЕУ, ја оддалечува земјата и го блокира европскиот пат.Мицкоски сака да каже дека Македонија, наместо во ЕУ, треба да биде во релација само со САД, нашиот најважен стратешки партнер, велат тие.

    Додаваат дека некој треба да му објасни на Мицкоски дека оваа приказна за спинување на блокирањето на ЕУ-патот и целосна изолација на земјата не поминува со оваа теза.

    -Членството во ЕУ и стратешкото партнерство со Америка меѓусебно не се условуваат, напротив, се надополнуваат и создаваат синергија во интерес на Македонија, регионот и пошироката европска безбедност. Стратешките партнерства се компатибилни. Ако го напушташ европскиот пат тоа значи и напуштање и стратешкото партнерство со САД. На Македонија ѝ е местото во ЕУ, со стратешко партнерство со Соединетите Американски Држави и така треба да остане. На сите денес им е јасно дека стравот од независното европско обвинителство кај Мицкоски е голем колку Америка, велат СДСМ.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.