Христијан Мицкоски тврдеше дека „нема поскапувања“ и дека владата „контролира сè“, горивата во Македонија повторно поскапеа. Уште една лага, се наведува во соопштението на СДСМ. 

„Европа отворено најавува економска криза. Авиокомпаниите откажуваат летови поради скап керозин. Само една германска компанија најавила откажување на 20.000 летови.

Цените на ѓубривата повторно растат, земјоделците се без поддршка и без субвенции. Исто така, цените на основните животни намирници растат од ден на ден. Граѓаните се оставени сами со празни фрижидери и празни џебови.

Мицкоски и ВМРО-ОКГ:

-одбиваат да го укинат ДДВ на храна, и да го намалат ДДВ на горивата на 5%,

-одбиваат да воведат какви било мерки за заштита на стандардот на граѓаните,

-одбиваат да ја зголемат минималната плата,

-продолжуваат да ги задолжуваат граѓаните, од почетокот на годината има 700 милиони евра нов долг само за три месеци,

Економијата оди надолу, странските инвестиции паднаа за 60%, се случуваат масовни отпуштања на работници од индустријата.

Потрошувачката кошница за една година поскапе за околу 4.000 денари, а владата продолжува да зборува дека „буџетот е во одлична кондиција“.

Два месеца СДСМ бара конкретни мерки за заштита на стандардот на граѓаните. 
Владата молчи.

Прашањето е сосема логично:

Дали ова е целосен дилетантизам или намерно се оставаат цените да растат затоа што некој на оваа криза убаво заработува?

Мицкоски може да продолжи да раскажува бајки за „третата економија во Европа“. 

Граѓаните секој ден ја гледаат реалноста во празниот фрижидер, празните паричници и во сè поскапите сметки.

СДСМ повторно бара:
•  итно замрзнување на цените на основните прехранбени производи,
•  укинување на ДДВ на храна, намалување на ДДВ за горивата и намалување на акцизите,
•  реална помош за загрозените семејства, пензионерите и земјоделците.
•  мерки за зачувување на работните места.

Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!“, велат од СДСМ.

Exit mobile version