Град Скопје информира дека во четврток, на 7 мај, во раните утрински часови ќе се спроведе првата авионска дезинсекција на подрачјето на градот за оваа година, со цел сузбивање на ларви од комарци.
Од надлежните служби посочуваат дека реализацијата на активностите зависи исклучиво од временските услови на теренот.
„Доколку временските услови не дозволат изведување на активностите, дезинсекцијата ќе биде одложена за првиот нареден ден со поволни временски услови, во истиот термин“, се вели во известувањето од Град Скопје.
Истовремено, упатен е апел до сите пчелари на подрачјето на градот Скопје навремено да ги преземат сите потребни мерки за заштита на пчелните семејства во текот на најавеното прскање.


