Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Мицкоски се претвори во обвинител и судија

    СДСМ: Мицкоски се претвори во обвинител и судија

    30.06.2026 во 19:462 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Христијан Мицкоски се претвори во обвинител и судија. Денеска, по кој знае кој пат, повторно преку медиумите испраќа закани до политичките противници. Вакво нешто го нема ниту во Северна Кореја.

    Од собраниска говорница, преку медиуми и јавни настапи, тој најавува апсења на „поранешни функционери“ и им наредува на институциите што треба да се случува, велат од СДСМ.

    Ова не е владеење на правото. Ова е политички прогон.

    Мицкоски нема ниту еден позитивен резултат по две години на власт. 

    Економијата е во колапс, инвестициите се намалени за 60%, младите заминуваат, а европскиот пат е блокиран. 

    Наместо да одговара за сопствените неуспеси, тој ги злоупотребува институциите како политичко оружје против опозицијата.

    Кога нема што да покаже, тогаш се бркаат „поранешни“. 

    Кога нема реформи, тогаш се најавуваат апсења. Кога нема европска перспектива, тогаш се прави театар за внатрешна употреба.

    Мицкоски јавно му дели наредби на Обвинителството од собраниска говорница, преку медиуми и телефонски повици. 

    Тој одлучува кој е виновен, а кој не. Тој е и обвинител, и судија, и извршител. Ова не е правна држава – ова е лична власт.

    Вистинската причина за оваа хајка е едноставна: Мицкоски нема резултати. Затоа мора да создава непријатели и да го одржува наративот на „борба против минатото“, додека сегашноста ја турка во неизвесност.

    Во нормална европска држава, токму луѓе како Мицкоски би морале да одговараат за системската корупција, за клиентелизмот, за злоупотреба на институциите и за служењето на странски интереси. 

    Но, за да се стигне таму, прво треба да се воспостави вистинска независна правна држава а не оваа изведба во која еден човек одлучува кој ќе оди во затвор.

    Мицкоски не ја брани правдата. Тој ја злоупотребува  за да се спаси од сопствената политичка пропаст и од одговорност, дополнуваат ид СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.