Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Мицкоски сака засилена соработка со Интерпол? Нека почне од себе и својата криминална група ВМРО

    СДСМ: Мицкоски сака засилена соработка со Интерпол? Нека почне од себе и својата криминална група ВМРО

    09.07.2026 во 20:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Христијан Мицкоски денеска се сретна со генералниот секретар на Интерпол и најави зајакнување на соработката во борбата против организираниот криминал.Ако навистина сака да се бори против криминалот, тогаш нека почне од најблиску – околу себе, велат од СДСМ.

    Нека ги замоли Интерпол веднаш да ја истражат аферата со петте тони дрога што слободно поминаа преку македонската граница и царина. 

    Нека им каже дека дрога завршила во Србија, во селото Коњух, кај, како што тврди уапсениот, високо позициониран локален функционер на СНС, кај министерот Гашиќ, потпретседател на СНС, сестринската партија на ВМРО, и нивен голем пријател.

    Нека побара истрага, како е можно толку голема количина наркотици да влезе во земјата без знаење на институциите кои тој ги контролира.

    Нека се пријави и себе и целата организирана криминална група ВМРО на Интерпол. 

    Така ќе имаат најмногу работа.

    Наместо празни изјави за „борба против криминалот“, граѓаните очекуваат одговори за тоа како под неговата власт дрогата слободно циркулира, а криминалните мрежи се заштитени.

    Додека Мицкоски се фали со меѓународна соработка, реалноста е дека Македонија под негова власт стана безбедна дестинација за криминалци и шверцери.

    Соработката со Интерпол ќе има смисла само кога прво ќе се соработува со вистината. 

    А вистината е дека најголемиот проблем со организираниот криминал во Македонија моментално седи во владината фотелја, додаваат од СДС.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.