Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53

    Ќе може да си купите стаж – добри вести за сите на кои им фали стаж за пензија

    15.09.2026 во 09:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Состојбата во земјоделството е дел од пошироката криза во која се наоѓа државата
    • Филипче: Зошто Мицкоски веднаш не кажа дека се потрошени 5,5 милиони евра, туку се обиде да го скрие тоа и кажа ‘нула денари’?
    • Мицкоски од Атлантскиот совет: Земјава ќе стане енергетска крстосница кон Централна Европа
    • Мицкоски од Атлантскиот совет: Имаме план и го остваруваме
    • Спречен терористички напад во Германија: Уапсен 24-годишник кој планирал масакр
    • Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени
    • Приведен 34-годишен скопјанец во Аеродром: Управувал со дрон без соодветна дозвола
    • Физичка пресметка за време на спортски натпревар во Аеродром – приведени двајца мажи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Мицкоски сака изборен закон со кој никој нема да контролира околу 200.000 гласови

    СДСМ: Мицкоски сака изборен закон со кој никој нема да контролира околу 200.000 гласови

    02.07.2026 во 09:20Updated:02.07.2026 во 09:232 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По насилното укинување на техничката Влада, Христијан Мицкоски сака со сила да воведува автократски модели. Ова го велат од опозициската СДСМ денеска преку соопштение упатено до јавноста.

    -Мицкоски сака изборен закон со кој никој нема да контролира околу 200.000 гласови. Сака гласовите на дијаспората што ќе пристигнуваат преку интернет да немаат никаква контрола.  Додека нашите граѓани кои гласаат во татковината минуваат сериозна контрола пред гласање – дури и отпечаток од прст, проверка на документи, потпис во избирачки список, Мицкоски сака да има апсолутна можност за кражба преку гласање на далечина. Зборуваме за ВМРО, партијата која знаеме како ги местеше изборите во времето на Груевски.  Сега неговиот најдобар ученик сака да го унапреди системот на својот ментор, велат од партијата.

    Велат, граѓаните се сеќаваат дека во декември беше покрената истрага во Америка поради кражба на гласови. Истрагата покажа дека серверите кои учествувале во кражбата биле во сопственост на српска фирма и бизнисмени блиски до Вучиќ и СНС. 

    -Сите знаеме за односите меѓу Вучиќ и Мицкоски, за нивната „братска“ врска и сестринските партии. Знаеме за користење на истата бот-платформа и фарми на тролови за влијание на социјалните мрежи.  Знаеме и за најновите желби и упорност на Мицкоски да ги протурка дата- центрите во Македонија, иако се на штета на екологијата и со ненормална потрошувачка на струја која може да доведе до проблеми со снабдувањето на домаќинствата, велат од СДСМ.

    СДСМ велат Мицкоски може да најавува повлекување, но на сите им е јасно дека човекот нема таква идеја. 

    -Мицкоски нема друг излез. Буџетот е празен, економијата е во колапс, наскоро нема да има пари ни за пензии. За да го спречи слободниот пад на ВМРО, а особено на својот рејтинг, прво направи козметичка реконструкција на Владата за да добие на време со нов дефокус. Сега намерно го прават со Изборниот закон за да ја обвинуваат опозицијата за реформи кои тој самиот не ги спроведе. Следниот чекор се предвремени избори, за кои му треба алиби. ВМРО изгуби над 150.000 гласови. Мицкоски има најнизок личен рејтинг досега, поради секојдневните лаги, а особено поради предизборните. Единствениот проблем е што веќе еднаш ги излажа своите гласачи и ги измами гласачите на СДСМ со ЗНАМ. Сега, повеќе такви работи не поминуваат. Граѓаните не се наивни. Единствената вистинска опозиција се СДСМ и слободните граѓани, обединети околу Фронтот за вистина и правда. Сѐ друго е фејк, стои во соопштението на СДСМ.

    Just In
    Прочитај повеќе

    Филипче: Состојбата во земјоделството е дел од пошироката криза во која се наоѓа државата

    17.09.2026 во 20:19

    Филипче: Зошто Мицкоски веднаш не кажа дека се потрошени 5,5 милиони евра, туку се обиде да го скрие тоа и кажа ‘нула денари’?

    17.09.2026 во 20:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.