Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Уапсен арачиновец кој го блокираше патот за да избега од полицијата
    • Пијани, бесни и без возачка: Во една ноќ полицијата приведе осум возачи
    • Поднесени две кривични пријави за Лотарија: Финансиска полиција објави детали за акцијата
    • Едната ја тепала, другата ја снимала со мобилен: Малолетничка нападната во Аеродром
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден
    • Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд
    • ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Мицкоски наместо да ја обвинува ЕУ дека го загрозува македонскиот идентитет, нека ги внесе малцинствата во Уставот

    СДСМ: Мицкоски наместо да ја обвинува ЕУ дека го загрозува македонскиот идентитет, нека ги внесе малцинствата во Уставот

    26.05.2026 во 09:412 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Остануваат уште само 5 дена до 1 јуни, до кога Христијан Мицкоски вети дека ќе ја исполни Реформската агенда и обврските за продолжување на европскиот пат, се вели во соопштението од СДСМ.

    5 дена до уште едно неисполнето ветување и уште една голема лага.

    Не може „промакедонска“ партија, како што вели Мицкоски, со бугарски пасоши да биде македонска.

    Како што лажеа за враќање на името, за поништување на Преспанскиот договор, така и денес лаже за Реформската агенда дека ќе ја заврши до 1 јуни. За две години непотполно завршија 2 точки, а сега наеднаш ќе ги завршат сите 10.

    Така изгледаат неговите ветувања. 

    Граѓаните не сакаат после две години да слушаат признанија дека сега Преспанскиот договор е ремек-дело, како што рече Мицкоски, дека НАТО за кој не сакаа да гласаат е феноменална работа и одличен за инвеститорите, како што вели Тимчо Муцунски, и на крај да имаме признание дека јазикот, културата и националниот идентитет се заштитени со 
    Преспанскиот договор, како што вели Гордана Сиљановска.

    Граѓаните немаат ништо од тие признанија. Изгубија години.

    Како може Црна Гора, а ние не?

    Останува и клучното, уставните измени и внесувањето на малцинствата во Уставот, обврска без која нема да се помрдене од мртва точка.

    Без тоа, Македонија нема да може да продолжи напред во преговорите со Европската Унија. Без тоа нема отворање на следните поглавја. Нема нови европски фондови, нема подобар стандард за граѓаните. 

    Наместо да ја обвинува ЕУ дека го загрозува македонскиот идентитет, нека ги внесе малцинствата во Уставот.

    Или нека излезе и пред граѓаните Мицкоски и да признае дека не сака членство во ЕУ, затоа што се плаши од европските правила, европското обвинителство затоа што тоа ќе значи одговорност.

    Opinion
    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР

    06.10.2026 во 13:08

    Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже

    06.10.2026 во 12:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.