СДСМ: Мицкоски ќе покаже дека навистина е за единство само ако го поддржи европскиот пат

 

„Пред сите партии и пратеници во македонското Собрание е одлуката: интеграција во ЕУ или изолација, нема друга опција.
Мицкоски ќе покаже дека навистина е за единство и за реализација на националните и стратешките цели на земјата само доколку го поддржи европскиот пат и потребните реформи“. Вакви пораки утрово испраќаат од владејачката СДСМ во писмено соопштение испратено до медиумите.

Велат дека после 17 години стоење во место, започнавме преговори со ЕУ со заштитен македонски јазик и идентитет. Скринингот тече одлично и наскоро ќе финишира.

„Државата има историска шанса за продолжување на европскиот пат.

Имаме силна поддршка од ЕУ и САД во значаен геополитички момент којашто треба да ја искористиме затоа што следна ваква шанса, ниту нов договор нема да добиеме.

Сите политички субјекти, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ имаат обврска пред граѓаните и иднината на државата, со глас за Европа да дојдеме до остварување на уште една стратешка цел – членство во ЕУ.

Мицкоски се уште има шанса да се претстрои на страната на државните интереси и да се приклучи на европскиот пат“, стои во соопштението на СДСМ.

05.06.2023 - 09:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега