Страшна несреќа во Њујорк: Туристички автобус се судри со камион

 

Во тешка сообраќајна несреќа во американската сојузна држава Њујорк, туристички автобус со над 50 патници се судри со камион на автопатот I-90, во близина на местото Пембрук, на околу 48 километри од Бафало.

 Полицијата потврди дека во несреќата има повеќе загинати и повредени, а дел од патниците сè уште се заробени во урнатините од автобусот. Некои биле и исфрлени при ударот. На лице место интервенираа повеќе спасувачки екипи, меѓу кои и хеликоптери на организацијата Mercy Flight, кои досега пренеле четворица повредени во болници, а најавено е дека ќе бидат евакуирани уште најмалку двајца. Според првичните информации, патниците биле претежно туристи од Индија, Кина и Филипини, а во автобусот имало и деца. Полицијата на терен најави дека се обезбедуваат преведувачи за комуникација со повредените.

Несреќата се случила кога автобусот, кој се движел од Нијагарините водопади кон Њујорк Сити, изгубил контрола, удрил во средишниот појас, по што премногу нагло се вратил на коловозот и завршил во канал. Локалните власти ја опишуваат несреќата како „инцидент со масовни жртви“. Марк Полонкарц, извршен директор на округот Ери, информираше дека делницата на автопатот ќе остане затворена „сè додека не завршат спасувачките и истражните активности“.

22.08.2025 - 22:03

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега