Close Menu
Press24
    Најново

    Луѓето родени во мај се посебни, ги красат овие карактеристики

    04.05.2026 во 22:37

    Запалена машина за железо причина за големиот пожар што ги вознемири скопјани

    04.05.2026 во 22:16

    Цената на нафтата „Брент“ надмина 115 долари по нападите врз Обединетите Арапски Емирати

    04.05.2026 во 22:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Луѓето родени во мај се посебни, ги красат овие карактеристики
    • Запалена машина за железо причина за големиот пожар што ги вознемири скопјани
    • Цената на нафтата „Брент“ надмина 115 долари по нападите врз Обединетите Арапски Емирати
    • Тинејџери шамареле деца на игралиште: Ново сведоштво за насилство во Скопје
    • Путин прогласи еднострано примирје на 8 и 9 мај
    • Тензии во Заливот: Иран ги нападна ОАЕ со ракети и дронови, има повредени
    • Божиновска-Варнс: Стратешкото партнерство во енергетиката со САД сега влегува во фаза на конкретна реализација
    • Тошковски – Варнс: Потврдена определбата за зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Северна Македонија и САД
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се креатори на најтемниот партизациски мрак во историјата на државата

    СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се креатори на најтемниот партизациски мрак во историјата на државата

    18.09.2025 во 17:152 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДСМ жестоко реагира на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски поврзани со департизацијата на јавната администрација, нарекувајќи ги „цинични“ и „лицемерни“. Според СДСМ, токму ВМРО-ДПМНЕ и неговото раководство се одговорни за досега невидена партизација на државните институции.

    „Мицкоски ли најде да зборува за департизација на администрацијата? Па токму тој и ВМРО-ДПМНЕ се синоним за партизација на институциите“, наведуваат од СДСМ во соопштението.

    Од партијата обвинуваат дека само во првите 15 месеци од мандатот, Владата на ВМРО-ДПМНЕ спровела системско уништување на институциите преку, како што велат, „брутална партизација“. Тие тврдат дека стручноста и компетентноста не се критериум при вработување, туку клучна е партиската книшка.

    „Преку 700 огласи за вработување беа распишани само годинава – сите во функција на згрижување на партиски кадри и зголемување на партиската војска на ВМРО-ДПМНЕ“, посочуваат од СДСМ.

    Како примери за партиско и роднинско вработување, СДСМ ја спомнува фамилијата Андоновски, каде, според партијата, таткото Љупчо е советник, братот Игор е началник, а Стефан Андоновски – министер, сите ангажирани во владата предводена од Мицкоски. Дополнително, се наведува и дека сестрата на министерот за култура Љутков е вработена во Музејот во Велес токму во овој период.

    „Нема институција која остана недопрена од партиските вработувања. Ова особено се засили во периодот пред локалните избори“, обвинуваат од СДСМ.

    Од таму порачуваат дека Мицкоски е „последниот што може да зборува за ефикасен јавен сектор и департизација“, оценувајќи дека неговата влада само ја продлабочува партизацијата и клиентелизмот во државата.

    Top News
    Прочитај повеќе

    Ковачки: Гоце Делчев е вечен симбол на слобода, правда и чесност, единството меѓу народот

    04.05.2026 во 20:16

    Сајкоски: Кога говориме за Гоце Делчев, ние зборуваме за државноста и она што во иднина следи

    04.05.2026 во 19:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.