СДСМ: Мицкоски е шпицен аутсајдер

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ очигледно се изгубени и во просторот и во времето, велат од СДСМ.

-Граѓаните на 15 јули, на фер и демократски избори, јасно и недвосмислено ги казнија неговите политики кои се заглавени во матрицата на Груевски, во матрицата на режимот. Мицкоски губи трети избори по ред и се уште одбива да се помири дека граѓаните сакаат да одат напред, а не да се враќаат назад. Тој е поразен политичар кој ги потценува граѓаните, ги потценува гласачите, па дури ги потценува и лаже и сопствените членови и поддржувачи. И Мицкоски и Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ мислат дека со лажни приказни, со креирање лажна реалност можат да ги излажат граѓаните, се вели во реакцијата од СДСМ по седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, Мицкоски единствено за што може да преговара е  за столчето во белата палата, зошто и тоа му е климаво.

-Граѓаните не паѓаат на манипулациите и на лагите на Мицкоски и на ВМРО-ДПНМНЕ. Веќе на нив никој не им верува, не им веруваат ниту членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Од шпицен кандидат Мицкоски стана шпицен аутсајдер и затоа најдобро е да оди надвор од политиката, бидејќи граѓаните јасно му го покажаа патот. Државата, граѓаните со СДСМ  продолжуваат напред по исправниот, вистинскиот пат. Уште подобро и уште повеќе, се вели во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.07.2020 - 22:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа