Премиерот Мицкоски во гостувањето нa Сител телевизија уште еднаш покажа дека кога нема аргументи, прибегнува кон навреди и етикетирање. Граѓаните кои мислат поинаку од него, оние што го критикуваат неговото владеење, ги нарекува „прокси ботови“, откако претходно ги нарекуваше „талог на општеството“, реагираат од СДСМ преку соопштение испратено до медиумите.
Ова не е начин на кој се води држава. Ова е стил на некој што се плаши од вистината и од одговорноста.
Граѓаните знаат, гледаат, не се слепи ниту глуви.
Фазоните од типот „Дубаи, Харис Џиновиќ“ повеќе не поминуваат, реагираат од СДСМ.


