Close Menu
Press24
    Најново

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52

    Лоши прогнози: Скап дизел ќе возиме цела наредна година

    07.10.2026 во 10:13

    Измени во „Сејф Сити“ – камерите ќе гледаат нов прекршок

    07.10.2026 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Во близина на минхенскиот аеродром забележана дива мачка за која се сомнева дека е пума
    • Разбиен синџир за шверц со мачки – Украдени илјадници миленици за месо во Виетнам
    • Најстудено вечерва во Берово – Погледнете ги измерените температури во 23 часот
    • СЗО бара официјални информации од Русија: Истрага за смртта на научничка во Иркутск по сомневањата за белодробна чума
    • Во петок можни се пречки во мрежите и ГПС – се очекува умерена геомагнетна бура од категорија G2
    • Инцидент во рудникот „Трепча“: 63 рудари останаа заглавени под земја
    • Танкер погоден од повеќе ракети во близина на Катар – има жртви
    • Татко случајно ја усмрти тригодишната ќерка со земјоделска машина во сопствениот двор – Трагедија во Албанија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Кошта потврди дека Мицкоски лаже – Вајц дека реформи нема

    СДСМ: Кошта потврди дека Мицкоски лаже – Вајц дека реформи нема

    04.06.2026 во 09:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кошта потврди дека Мицкоски лаже – Вајц потврди дека реформи нема. Ова го велат од СДСМ преку соопштение упатено до јавноста.

    -Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и најновиот извештај на Вајц усвоен од Европскиот парламент се две силни потврди за она што СДСМ го говори со месеци. Мицкоски ги лаже граѓаните за европската иднина на Македонија, неговата криминална Влада не испорачува никакви реформи. Кошта јасно и недвосмислено порача дека уставните измени се единствениот услов за формално отворање на пристапните преговори со Европската Унија, велат од опозицијата.

    Нема „дополнителни гаранции“, нема „нова преговарачка рамка“, нема „уставни измени со одложено дејство“.

    Ова беа лаги со која Христијан Мицкоски ја манипулираше јавноста.

    Тој ветуваше дека ќе обезбеди подобри услови за преговори, дека ќе ја смени преговарачката рамка и дека ќе донесе некакви гаранции.

    Денес, откако и самиот Кошта ја кажа вистината, сите тие лаги паднаа во вода.

    Додека Мицкоски секојдневно пласира нови измислици за Европа, од Брисел пристигна и втора порака – нема реформи.

    Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, и членовите на Комитетот за надворешни работи во Ивештај констатира дека не е постигнат напредок, особено во владеењето на правото, судските реформи и борбата против корупцијата.

    Европратениците во Комитетот јасно ги посочуваат манипулациите и дезинформациите преку „странско непријателско мешање и кампањи за дезинформации“, што е уште една силна потврда на она што го говори СДСМ за поврзаноста на ВМРО со СНС на Вучиќ и нивните кампањи.

    Вистината е сега на виделина. Мицкоски и неговата организирана криминална група не сакаат европска интеграција затоа што ЕУ носи независно судство, силни институции, европски стандарди и одговорност за секој што го прекршил законот.

    Со Мицкоски нема европска иднина, нема подобар животен стандард и нема перспектива за младите.

    Има само изолација, стагнација и продолжување на кражбата.

    Реформи сега.

    Европа сега.

    Распишете референдум веднаш.

    Граѓаните сами нека одлучат – интеграција или изолација.

    Just In
    Прочитај повеќе

    Филипче: Новата платформа на поранешни функционери е проект на Мицкоски за раситнување на опозицијата

    07.10.2026 во 22:29

    Меџити потпиша Меморандум за соработка со училиштето „Иднина“: Обезбеден превоз и услови за учениците до изградбата на новиот објект

    07.10.2026 во 21:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.