Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – бензинот ќе оди над 100, дизелот ќе поевтини

    14.09.2026 во 09:50

    Велковски најави: Ќе може да си купите две години стаж – ова се условите

    14.09.2026 во 23:22

    Авион се урна во Германија – има загинати

    14.09.2026 во 17:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Кој инвестира во дата-центри и каде оди струјата и водата?
    • ЕУ подготвува „Акт за децата“: Строги ограничувања за социјални мрежи, вештачка интелигенција и игри под 15 години
    • Од полноќ цената на бензинот скокна, на дизелот падна – Ова се новите цени на дериватите по одлуката на РКЕ
    • ЦУК: Избувнаа 23 пожари за едно деноноќие
    • Доаѓа голем празник – Рождество на Пресвета Богородица или Мала Богородица
    • Понеделник е неработен ден – следува продолжен викенд
    • Дневен хороскоп: Ракот да не презема туѓи проблеми, Рибите да ги слушаат чувствата
    • Времето денеска сончево – попладне невреме со засилен ветер
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Кој инвестира во дата-центри и каде оди струјата и водата?

    СДСМ: Кој инвестира во дата-центри и каде оди струјата и водата?

    15.09.2026 во 09:453 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Шефот на ВМРО-ОКГ повторно рече дека процесот со дата центри е „неповратен“. Кај него е неповратно затоа што веќе ја договорил својата провизија. Се крие само она што мора да го скрие: кој инвестира, која струја ќе ја јаде, која вода ќе ја пие, каде оди загреаната вода и која провизија седнува за договорот, се наведува во соопштението од СДСМ.

    „СДСМ веќе го праша. Компанија тврди дека има обезбедено 100 мегавати струја и директен пристап до Вардар. Тврди дека Владата дала зелено светло. 

    А Владата зборува за роботи и Азија, како да сме на саем, не во држава каде што ЕСМ тоне, струјата се увезува скапо, а граѓаните со недели чекаат извештај за тоа што пијат.

    Прашањата остануваат.

    Кој е инвеститорот?

    Која струја ќе ја троши центарот – домашна или увозна, која на крај влегува во сметката на граѓаните?

    Која вода ќе ја цица – од Вардар или Лепенец кои веќе се трујат, Треска каде умира риба, или од чешмата во Гостивар?

    Каде оди загреаната вода? Во река. Во истата река од која потоа пак се пие, а рибата умира.

    Еден голем дата-центар троши струја колку цел град. 

    Во Ирска центрите веќе јадат над 20 проценти од националната електрична енергија – повеќе од сите градски домаќинства заедно. 

    Затоа Даблин со години држеше кочница на нови приклучоци. 

    Амстердам забрани нови центри најмалку до 2030. 

    Сингапур стави мораториум, па пушти само под најстроги услови. 

    Њујорк замрзна големи објекти над 50 мегавати. 

    Град во Калифорнија ги забрани на референдум. 

    Малезија ги запре системите што се ладат со вода до 2027, заради суша. 

    Во Чиле проект падна затоа што ќе ги цедеше водоносните слоеви.

    Не затоа што светот е против технологија. Затоа што држава што нема струја и вода за своите луѓе не смее прво да ги раздаде на сервери.

    Има и бучава. Има агрегати и ладење деноноќно. Има соседство што се празни. Македонија веќе се празни.

    Младите си одат поради плата, воздух, вода и иднина. Да им додадеш уште еден индустриски шум и уште една дупка во мрежата не е развој. Тоа е забрзување на иселувањето.

    СДСМ не е против дигитализација. Ова не е дигитализација. Ова е хардвер за туѓа дигитализација. 

    СДСМ е против кражба облечена во сервер. Нема датум. Нема име на инвеститор. Нема јавен договор за мегавати и литри. 

    Нема проект. Има провизија што бара покритие.

    Додека Мицкоски зборува за иднина, граѓаните гледаат сметка која тие ја плаќаат.  Затоа што струјата ќе ја платат тие. Без вода ќе останат тие. Бучавата ќе ја слушаат тие. А провизијата ќе ја земе бандата.

    Кој крие инвеститор, крие цена. Кој крие цена, ја знае однапред. А ја плаќате вие“, се вели во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски од настанот по повод Денот на демократијата: Жените се незаменлива сила во развојот на државата

    14.09.2026 во 23:08

    Арсова: Застапеноста на жените во Собранието скокна од 3 на 40 отсто

    14.09.2026 во 22:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.