Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонскиот крем – Де ла крем на концертен предновогодишен спектакл со еден зеназборавен концерт…Сузана, Наум, Миле и Баже и нивните гости во кафеанска ноќ за паметење
    • Серија апсења во Скопје
    • Мисајловски: Професионалните војници со навршени 45 години возраст ќе можат да го трансформираат работниот однос
    • Над 200 камери ќе се поставуваат низ Скопје против дивите депонии и вандализмот во парковите
    • „Ме следеше и ме допираше по телото“ – исплашена скопјанка се јавила во полиција
    • Претепан ученик на голем одмор, напаѓачот извадил и пиштол – Драма пред училиште во Скопје
    • Хорор во Скопје: 17-годишник избодел 15-годишник
    • Скопје: Шестгодишно дете тешко повредено во сообраќајна несреќа со тротинет и автомобил
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Ќе ја вратиме власта во рацете на граѓаните

    СДСМ: Ќе ја вратиме власта во рацете на граѓаните

    26.09.2026 во 10:103 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Групата што некогаш го водеше СДСМ. Денеска нов ЗНАМ 2.0. Андреј Петров. Игор Ивановски–Шема. Никола Ќуркчиев. Гордан Георгиев. Славјанка Петровска. Истите луѓе што ја доведоа партијата до изборен пораз. Истата екипа што помогна да се направи ЗНАМ 1.0. Иста екипа што молчеше додека Мицкоски го делеше СДСМ – стои во соопштението на СДСМ.

    „Денеска таа екипа ја предава својата партија за тендерите на Мицкоски. Денеска за нив СДСМ вреди 1,6 милиони евра. Помалку од Дејвид Гета. За нив е само личен интерес.

    Затоа и министрите од ЗНАМ 1.0 јавно им даваат поддршка. ЗНАМ 1.0 со јавна поддршка за на ЗНАМ 2.0.

    Зошто некој би барал „реформи“ токму сега – кога СДСМ е единствената опозиција што се бори против организираната криминална група ВМРО и арамијата Мицкоски? Зошто токму на денот кога им кажавме на граѓаните дека трговец со оружје – уапсен, со казна платена од човек од кокаински канал, му ја плаќа агендата на Мицкоски?

    Токму кога објавивме дека ВМРО-ОКГ планира грабеж на националните ресурси. Кога го објавивме планот за рудниците. Токму тогаш се јавува „Платформата“ и зборува за насилно преземање на СДСМ.

    Луѓе што не се кандидираа за функции во партијата сакаат некого да сменат, себе да се постават. И тоа од ресторан. Од хотел. Не од партија.

    Истите што на претходниот собир седеа со луѓе што немаат никаква врска со СДСМ – членови на други партии и бараа промени кај нас. Истите што не сакаа да влезат на вратата од својата партија на разговор, туку прават обид за пуч. Недемократски обид да ги преземат органите на партијата.

    Истите луѓе кои ги водеа штабовите по изборните единици и изборната кампања. Кои изгубија. Истите тие кои доживеаја најголем историски пораз на СДСМ на изборите. Тие истите бараат реформи?!

    Постои начин како се станува член, функционер и претседател. СДСМ има статут и демократски избор.

    Така било секогаш. Така е и сега. Никој од кафеана, ниту  од хотел нема да смени некого во СДСМ додека тој е со народот на терен се бори против организираната криминална група, бандата на Христијан Мицкоски.

    Еднаш ја продадовте партијата. Овој пат нема да помине. Џабе ви се орбановите медиуми што ве промовираат. Џабе ви се Латас и Ивона што ви ги туркаат текстовите за поддршка и соопштенијата на ВМРО-ОКГ. Џабе ви се ботовите на СНС-платформите во служба на ВМРО-ОКГ. Џабе ви се 1,6 милиони евра што ви ги дава Мицкоски преку тендери.

    Нема да помине. Џабе ви е сè. СДСМ постоел и ќе постои и после вас. Одиме со народот до победа над овој криминален режим. Ќе ја вратиме власта во рацете на граѓаните. Бандата ќе одговара“, велат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Мисајловски: Професионалните војници со навршени 45 години возраст ќе можат да го трансформираат работниот однос

    20.10.2026 во 15:58

    Радески: Изборите во Брвеница уште еднаш покажа дека СДСМ е единствената вистинска опозиција во Македонија

    20.10.2026 во 13:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.