СДСМ: Ќе го победиме и овој бран на епидемијата, да ги почитуваме мерките и да им помогнеме на здравствените работници

 

Ова е време кога сме соочени со уште една битка којашто од секој поединец бара одговорно однесување, дисциплина и строго почитување на мерките за заштита од коронавирусот, велат од СДСМ.

Според партијата, секој од нас мора доследно да ги почитува задолженијата и забраните. Оттаму велат дека таму кадешто мерките се почитуваат, вирусот е поразен. 

-Овој удар на епидемијата ќе го победиме сите заедно, единствено доколку се држиме до мерките и никако поинаку. Секој еден грѓанин може да придонесе за запирање на ширењето на коронавирусот. Секој еден е важен и сечие однесување прави промена. Здравствените власти кои повеќе од четири месеци вложуваат натчовечки напори да го спасат сечиј живот и да им го вратат доброто здравје на пациентите, немаат други механизми доколку ние не им помагаме со одговорно однесување, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата посочуваат дека најсилното оружје за борба против вирусот е нашата свест и одговорност. 

-Во пресрет на изборите, СДСМ ќе води одговорна кампања како што и доликува на државотворна и зрела партија. Сите активности на партијата во следниот период ќе бидат исклучително организирани и спроведени почитувајќи ги мерките за заштита.  СДСМ докажа дека знае и умее да делува во интерес на граѓаните. СДСМ ги откажува митинзите, големите собири и сите потенцијално ризични настани и преку поинакви активности ќе ја испрати својата порака, но и ќе го заштити здравјето на  своите активисти, членови и на сите граѓани, се вели во дописот од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.06.2020 - 09:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега