Close Menu
Press24
    Најново

    Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност

    28.10.2026 во 19:29

    „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва

    28.10.2026 во 19:25

    Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари

    28.10.2026 во 19:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
    • „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва
    • Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
    • Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
    • Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Каква трета економија во Европа, со Мицкоски граѓаните го бројат секој денар

    СДСМ: Каква трета економија во Европа, со Мицкоски граѓаните го бројат секој денар

    21.07.2026 во 10:04Updated:21.07.2026 во 10:182 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Наместо поевтини горива, како што ветуваше Мицкоски граѓаните се соочуваат со нов ценовен шок. Горивата повторно драстично поскапеа.  Со последните две поскапувања дизелот е поскап за над 11 денари и сега чини 94 денари за литар, се вели во соопштението од СДСМ.

    – А мерки за заштита на стандардот на граѓаните нема. Секоја негова најава за намалување доведува до нов раст на цените. Граѓаните веќе се плашат од неговите најави за „мерки“. Ова второ последователно големо поскапување за само една недела, ќе значи и нов бран на поскапување на  храна, превоз и услуги.  Секој ден е нов ценовен шок.  Додека народот се прашува како ќе го преживее месецот, Мицкоски нема намера да го заштити животниот стандард, велат СДСМ.

    Додаваат дека повторно нема никакви конкретни мерки – ниту за работниците, ниту за пензионерите, ниту за земјоделците, ниту за социјално ранливите.


    -Луѓето го бројат секој денар за живот. Платите, ниту просечната, ниту минималната не стигнуваат за да се протурка месецот.  Минималната потрошувачката кошничка повторно е скоро 70.000 денари Само за храна и пијалаци на едно четиричлено семејство му се потребни над 25.000 денари месечно. Ако се додаде и кирија за стан од 60 квадратни метри, трошоците се  83.873 денари. Тоа е реалноста со Мицкоски и неговата ВМРО -ОКГ –  за нив луксуз и тендери, за граѓаните трошки. Во Македонија секој ден е борба за преживување, математика за како да се купи храна, како да се платат сметки, како родителите да ги издржуваат своите деца –  животот е се потежок, велат од партијата.

    -Каква трета економија во Европа, вистината е дека Мицкоски и неговата Влада  системски го уништија стандардот на граѓаните, а економијата ја донесоа пред колапс, стои во соопштението на СДСМ.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56

    Студентите на средба со премиерот и министерката Јаневска

    28.10.2026 во 12:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.