Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Уапсен арачиновец кој го блокираше патот за да избега од полицијата
    • Пијани, бесни и без возачка: Во една ноќ полицијата приведе осум возачи
    • Поднесени две кривични пријави за Лотарија: Финансиска полиција објави детали за акцијата
    • Едната ја тепала, другата ја снимала со мобилен: Малолетничка нападната во Аеродром
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден
    • Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд
    • ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ ја нападна Сиљановска-Давкова за Изборниот законик: „Нејзините изјави отвораат повеќе прашања отколку одговори“

    СДСМ ја нападна Сиљановска-Давкова за Изборниот законик: „Нејзините изјави отвораат повеќе прашања отколку одговори“

    17.07.2026 во 09:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова повторно се вклучи во дебатата за Изборниот законик, тврдејќи дека сегашниот модел ја дискриминира дијаспората, се вели во соопштението од СДСМ.

    -Меѓутоа, нејзините изјави отвораат многу повеќе прашања отколку што даваат одговори. Ако Претседателката е за техничка влада која би овозможила фер избори, зошто тогаш го потпиша указот за укинување на техничката влада?  Ако навистина сакаше Техничка влада во нова форма , за чисти избори, зошто тоа не го предложи сама?  Ако е за фер избори, зошто не каже јасно кои се проблемите со електронското гласање и зошто ВМРО-ОКГ инсистира токму на модел кој, како што самата признава, се применува во само две или три земји?, прашуваат од опозицијата.

    Додаваат дека кога се знае кој ја води државата – Мицкоски и организираната криминална група ВМРО, воведувањето на ризичен модел на гласање е исто како да му се дадат клучевите од трезорот на осуден крадец на банка и да се надеваме дека ништо нема да фали.

    -Да потсетиме: Претседателката е членка на партија која организираше изборни кражби. Ако не учествувала директно, еднакво е одговорна затоа што молчеше.  Како претседателка на сите граѓани, нејзината функција не се сведува само на протокол, танц и јога. Таа има обврска да се бори за еднаквост пред законот за секој граѓанин на Македонија. Како професорка по право која веќе призна дека со Преспанскиот договор се заштитени националниот идентитет и јазикот, таа можеше и требаше јасно да каже дека ослободувањето на Никола Груевски и на нивниот медиумски шеф Драган Павловиќ Латас е катастрофално за сите граѓани.  Со тоа се покажа дека законот не важи еднакво за сите.  Можеше да каже и дека враќањето на „Бела палата“ – имот стекнат со криминал и корупција – е преседан невиден во ниедна европска држава. Наместо тоа, Претседателката избра да зборува само за делови од Изборниот законик кои одговараат на ВМРО-ОКГ, велат тие.

    Додаваат дека тоа не е грижа за дијаспората. Тоа е селективна политичка позиција која го штити режимот, а не интересот на граѓаните.

    Just In
    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР

    06.10.2026 во 13:08

    Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже

    06.10.2026 во 12:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.