Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени: Нафтата поевтина но дизелот ќе биде поскап

    21.09.2026 во 10:57

    Регулаторна одлучи: Од полноќ големо поскапување на дизелот

    21.09.2026 во 15:10

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нападнат вработен во бензинска пумпа
    • „Гугл“ казнет со 403 милиони евра за следење на локацијата на корисниците
    • Софија Лорен го слави 92. роденден: Еден маж го одбележа целиот нејзин живот
    • Мисајловски: Зацврстувањето на одбранбените односи е уште еден силен импулс за јакнење на регионалната безбедност
    • Почина синот на Синди Крафорд, манекенот Пресли Гербер, имаше 27 години
    • Мицкоски разговараше за вложувања на американската воена индустрија
    • На тезга продавал пиротехника – заврши во станица
    • Невиден ужас во Австралија: Мајка избоде три деца – едното почина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Исплатите од ИПАРД не ги стопира ниту Владата, ниту Мицкоски, туку европскиот механизам за финансиска контрола

    СДСМ: Исплатите од ИПАРД не ги стопира ниту Владата, ниту Мицкоски, туку европскиот механизам за финансиска контрола

    11.11.2025 во 12:382 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Смешни се изјавите на Христијан Мицкоски дека наводно по негово барање биле стопирани исплатите од ИПАРД 3. Исплатите од ИПАРД не може, ниту законски, ниту процедурно, да ги стопира ниту претседател на влада, ниту министер, ниту партија, велат од СДСМ.

    „Тоа го прави Националниот овластен службеник за авторизација (НОА), институција што делува во рамки на Министерството за финансии, но работи независно, според европски пропишани правила и стандарди.

    Тоа значи дека НОА не постапува по налог на Владата или на Мицкоски, туку исклучиво по сигнал од Европската комисија или по внатрешна проценка за ризик на системот за контрола на исплатите.

    Мицкоски, обидувајќи се да се спаси од политичка одговорност, се поставува како „контролор“ на европски пари, а тоа е апсурд кој ја покажува неговата некомпетентност и паника.

    Да биде јасно:

    ИПАРД 3 е суспендиран затоа што Агенцијата за додлеување на ИПАРД е компромитирана со корупција, злоупотреби и партиски влијанија.

    Апсењето на директорот и неговите блиски соработници, поставени токму од Мицкоски и министерот Трипуновски, е директна причина за активирање на механизмот на суспензија.

    НОА постапува за да ги заштити европските средства од понатамошна злоупотреба.

    Мицкоски не може да го претстави тоа како сопствена одлука, затоа што ова е санкција од европскиот систем на контрола – не успех на Владата, туку доказ за нејзин неуспех.

    Да потсетиме:

    Ова е втор пат во последните 15 години кога програмата ИПАРД се суспендира – и двата пати кога ВМРО-ДПМНЕ ја води Владата.

    СДСМ повикува на одговорност и оставки. Државата не смее повторно да биде понижена од партиски експерименти и корупциски шеми кои ја уништуваат довербата на ЕУ во институциите“, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Петрушевски: Со измени во Закон се забранува пратеник да има двојно државјанство, лагите на СДС се демантираат

    21.09.2026 во 17:10

    Минчев и Сељами остварија средба: Институционалната соработка е клучна за поефикасна јавна администрација и заштита на граѓаните

    21.09.2026 во 15:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.