Close Menu
Press24
    Најново

    Електрична греалка предизвикала пожар во соба: Починаа две мали деца

    29.10.2026 во 20:14

    Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе

    29.10.2026 во 20:07

    Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата

    29.10.2026 во 19:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Електрична греалка предизвикала пожар во соба: Починаа две мали деца
    • Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе
    • Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата
    • Мицкоски: Со Србија имаме добрососедски односи, но мојот фокус се Македонија и домашните прашања
    • Мицкоски: Не постои ниту една афера која е поврзана со оваа влада
    • Сали во Даблин: Охридскиот договор е трајна обврска, а не само историски документ
    • Василевска во „Колегиум“: Опозицијата користи застарен ПР и води политика спротивна на државните интереси
    • Над 22.000 преземања за 24 часа: Апликацијата „m.Uslugi“ забележа голем интерес кај граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Левица со над 10.000 амандмани го блокираат Изборниот законик

    ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Левица со над 10.000 амандмани го блокираат Изборниот законик

    03.07.2026 во 09:26Updated:03.07.2026 во 09:312 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Паднаа маските за коалицијата на Венко Заев и Апасиев. Со над 10 илјади амандмани, СДС и Левица свесно го блокираат носењето на новиот Изборен законик, закон на кој со месеци работеа политичките партии со цел да се постигне широк консензус, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    -На Венко Заев и СДС не им одговара македонската дијаспора да добие можност да гласа по електронски пат. Причината е едноставна, затоа што Венко и СДС знаат дека ја изгубија довербата кај Македонците, и дома и надвор од државата. Затоа прават се за да го ограничат нивното демократско право на глас, велат од владејачката партија.

    Додаваат дека истите тие кои со своите погрешни политики придонесоа илјадници граѓани да ја напуштат Македонија, денес сакаат токму тие луѓе да останат без полесен пристап до избирачкото право. Тоа е вистинското лице на СДС.

    -Апасиев и Левица уште еднаш покажаа дека нивниот единствен интерес не се граѓаните, туку парите. Иако сите нивни барања во преговорите беа прифатени, а се однесуваа на поголемо финансирање на политичките партии и изборните кампањи, денес тие го блокираат истиот закон што го договараа. Очигледно е дека кога се во прашање личните и партиските интереси, СДС и Левица функционираат како едно. Заеднички поднесуваат илјадници амандмани, ја кочат реформата и создаваат политички хаос, само затоа што знаат дека ги очекува убедлив пораз на следните избори. ВМРО-ДПМНЕ нема да се откаже од реформите. Ги повикуваме СДС и Левица да престанат со опструкциите, да ги повлечат бесмислените амандмани и да овозможат носење на Изборниот законик кој ќе обезбеди фер, модерни и поефикасни избори, вклучително и електронско гласање за македонската дијаспора, велат од партијата.

    Според ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните заслужуваат функционален изборен систем, а не политички блокади создадени од партии кои стравуваат од волјата на народот.

    Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата

    29.10.2026 во 19:54

    Мицкоски: Со Србија имаме добрососедски односи, но мојот фокус се Македонија и домашните прашања

    29.10.2026 во 19:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.