Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ: Хајка кон директори на училишта кои не се партиски послушници

    16.08.2026 во 13:33

    „Инсистирам да се објави“ – одговори Мицкоски на барањето на СДСМ јавно да се покаже извештајот дека водата во Гостивар е безбедна

    16.08.2026 во 13:22

    Мицкоски: Инфлацијата во јули изнесува 2,3 проценти – Македонија е втора во регионот

    16.08.2026 во 13:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Хајка кон директори на училишта кои не се партиски послушници
    • „Инсистирам да се објави“ – одговори Мицкоски на барањето на СДСМ јавно да се покаже извештајот дека водата во Гостивар е безбедна
    • Мицкоски: Инфлацијата во јули изнесува 2,3 проценти – Македонија е втора во регионот
    • Мицкоски: Градежната оператива е ангажирана, што значи подобра економска активност 
    • Уапсен 20-годишник од Жировница, при претрес пронајдена прашкаста материја
    • По акцијата „Вардарис“: Истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана
    • Масовен напад со повеќе од 600 дронови врз Москва, Русија тврди дека соборила 201
    • Петрушевски: Граѓаните не треба да бидат заложници на партиската паника на Филипче и СДС, водата во Гостивар е повторно питка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Хајка кон директори на училишта кои не се партиски послушници

    СДСМ: Хајка кон директори на училишта кои не се партиски послушници

    16.08.2026 во 13:333 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Јованче Манасков од Комисија за образование на СДСМ обвини дека министерката за образование спроведува хајка на партиска основа и дека отпушта наставници во училиштата.

    -Министерката Весна Јаневска ја спроведува своја „образовна програма” – ги злоупотребува образовните институции за политичка пресeметка од најдолен вид.Наместо фокус на подобро образование – ВМРО и Јаневска создадоа хаос во образованието, се отпуштаат наставници и се затвораат како што најави над 20 подрачни училишта ширум државата. ВМРО ОКГ ја партизираше секоја институција, па сега на ред дојдоа и директорите од училиштата.

    Според информациите кои стигнаа до нас, двајца инспектори од Државниот просветен инспекторат, периодов спроведуваат хајка кон директори кои не се партиски послушници.Прашуваме, дали едни исти двајца инспектори, Мирјана Насковска и Тони Илиев во повеќе училишта спроведуваат вонредни инспекциски надзори по претставки со слична или идентична содржина? Дали врз директори од средни училишта се врши притисок да поднесат оставка или да се откажат од функцијата пред истекот на нивниот мандат.

    Дали власта на Мицкоски врши политичка операција за чистење на кадри, неподобни директори и поставување на партиски послушници. Дали инспекцискиот надзор е претворен во механизам за смена на неподобни директори. Затоа ли овие двајца инспектори се појавуваат во речиси сите инспекциски надзори, а истовремено се и кадровски унапредувани и или наградувани.

    Очигледно Наскова и Илиев се „инспектори од доверба” на ВМРО, за специјална намена. Инспектори кои се користат за однапред зададена политичка задача.Ваква постапка за притисок и смена на неподобни директори се одвива и во средното училиште во Скопје „Панче Арсовски”, каде што постапуваат токму овие двајца инспектори. Истовремено, веќе има директори кои ги оспориле решенијата за разрешување.

    Дел од постапките се пред второстепени органи, а има и случаи во кои Управниот суд интервенирал и ја вратил постапката на повторно одлучување, како и случаи со мериторни одлуки во корист на разрешени директори.

    СДСМ не е против инспекцискиот надзор, но се противи да биде злоупотребен овој механизам како средство за реваншизам и поставување на партиски подобни директори.Го повикуваме Државниот просветен инспекторат веднаш да ја запре оваа политичка операција за елиминација на неподобни директори.

    Јавно да одговори: зошто едни исти инспектори се појавуваат во повеќе вакви постапки?

    Бараме проверка на постапувањето на инспекторите, на критериумите за нивните кадровски унапредувања или дополнителните надоместоци, на начинот на распределба на предметите и наводите за притисоци врз директори. Партиските интереси и канџи мора да се тргнат од образованието. Тоа требало да го види Мицкоски на научната екскурзија во Бриж.Училиштата не се партиски штабови. Директорите не се партиски послушници.Затоа македонското образование со ВМРО-ОКГ тоне.Државниот просветен инспекторат треба да биде чувар на законите, а не чувар на партиските интереси и политички инструмент на власта на ВМРО, порача Манасков

    Прочитај повеќе

    „Инсистирам да се објави“ – одговори Мицкоски на барањето на СДСМ јавно да се покаже извештајот дека водата во Гостивар е безбедна

    16.08.2026 во 13:22

    Петрушевски: Граѓаните не треба да бидат заложници на партиската паника на Филипче и СДС, водата во Гостивар е повторно питка

    16.08.2026 во 11:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.