Close Menu
Press24
    Најново

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50

    Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења

    02.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово
    • Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си
    • Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења
    • Берово: Четиригодишно девојче итно пренесено во болница откако проголтало капсула за перење
    • Драма во Охрид: По расправија за паркинг, 73-годишник вперил пиштол кон скопјанец
    • Тошковски на Илинден од Пелинце: Да ја јакнеме државата и да ги негуваме вредностите што ни ги оставија илинденците и асномците
    • Змија влегла во куќа во струмичко – интервенирале пожарникарите
    • Гори кај Кванташки пазар – ЦУК со најнови детали
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Граѓаните добија уште едно признание од ВМРО-ОКГ – врие бугарски пасоши во Владата на Мицкоски

    СДСМ: Граѓаните добија уште едно признание од ВМРО-ОКГ – врие бугарски пасоши во Владата на Мицкоски

    19.05.2026 во 09:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Граѓаните добија уште едно признание од ВМРО-ОКГ – врие бугарски пасоши во Владата на Мицкоски, стои во соопштението од СДСМ.

    „Одбија да го прифатат предлог-законот на СДСМ со кој министрите, вицепремиерите и членовите на Владата не би можеле да имаат двојни државјанства.

    Зошто?

    Затоа што тогаш пола Влада на Мицкоски ќе требаше да си замине.

    Може целата Влада да биде составена од бугарски државјани, ама не може малцинствата да влезат во Уставот.

    Какво лицемерие, какво лажење на сопствените граѓани.

    Прво го признаа Преспанскиот договор како ремек-дело на дипломатијата.

    Потоа признаа дека со Преспанскиот договор се заштитени македонскиот јазик, македонскиот национален идентитет и култура.

    Го признаа и НАТО како добра работа за инвестициите и безбедноста.

    А сега дојде уште едно признание: Мицкоски има Влада полна со бугарски пасоши и бугарски државјанства.

    Со години ширеа хистерија, страв и ги лажеа граѓаните дека е загрозен македонскиот идентутет токму тие кои се со бугарски пасоши во џебовите.

    Вицепремиери, министри, пратеници, градоначалници, директори – цела мрежа на функционери на ВМРО-ОКГ со бугарски пасоши, кои со години продаваа лажен патриотизам додека тивко си обезбедувале европски документи за себе и за своите семејства.

    Додека ја држат Македонија во изолација и намерно создаваат конфликти со Бугарија, многу функционери од ВМРО-ОКГ си обезбедиле бугарски пасоши – пасоши на Европската Унија.

    Одбивањето на Законот ја разобличи целата нивна лицемерна политика. Никого повеќе не можат да излажат.

    Граѓаните ја гледаат вистината.

    Најгласни против Европа се токму оние кои одамна си ја обезбедиле Европа за себе“, велат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Андоновски од Смилево: Илинден е вредносен систем – непокор, слобода и иднина

    02.08.2026 во 11:25

    Делегација на СДСМ оддаде почит во Пелинце по повод Денот на Републиката

    02.08.2026 во 10:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.