СДСМ: Граѓаните да бидат спокојни - ние сме одговрни, нафта и храна нема да фали

Граѓаните да бидат спокојни има доволни количини на гориво и стокови резерви, порачува владејачката СДСМ во писмено соопштение.
Граѓаните да бидат спокојни, државата има задоволителна количина прехранбени производи, меѓу кои пченка и пченица.
Државата, институциите продолжуваат со редовно снабдување на државните резерви, а се разгледуваат и евентуални потреби за дополнително зајакнување на динамиката на резервите.
Нема потреба од паника, стокови резерви со храна и нафтени деривати има доволно.
Владата предводена од СДСМ сериозно и внимателно ја следи ситуацијата, граѓаните да не подлегнуваат на манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ со кои нанесуваат штета на интересите на граѓаните и на државата – велат од СДСМ во писменото соопштение испратено утрово


04.03.2022 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега