Close Menu
Press24
    Најново

    Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица

    28.10.2026 во 19:45

    Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност

    28.10.2026 во 19:29

    „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва

    28.10.2026 во 19:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
    • Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
    • „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва
    • Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
    • Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
    • Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Граѓаните бараат конкретен одговор – дали се испратени документите за екстрадиција на Груевски?

    СДСМ: Граѓаните бараат конкретен одговор – дали се испратени документите за екстрадиција на Груевски?

    06.05.2026 во 18:531 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Граѓаните бараат јасен и конкретен одговор од Министерството за правда и од владата на Мицкоски: Дали се испратени документите за екстрадиција на Никола Груевски?

    Поминат е цел еден месец откако новиот унгарски премиер Петер Маѓар најави дека Унгарија нема да биде сигурна куќа за криминалци и посебно го спомена Груевски,велат од СДСМ.

    Од тогаш – тишина.

    Министерството за правда вели „документите се комплетираат“.

    Месец дена документи „патуваат“, а сега се „комплетира документација“.

    Дали оваа влада сака да ги апси криминалците кои се на потерница и осудени во Македонија или не сака?

    Дали правдата важи за сите или е селективна, како и секогаш кога ВМРО-ОКГ е на власт?

    Мицкоски и неговата криминална организација продолжуваат со заштита на Груевски, давајќи му време за бегство.

    Граѓаните јасно гледаат: кога станува збор за нивните криминални соработници – тишина и заштита. 

    Кога треба да ѝ се заканува на опозицијата, затоа што СДСМ секојдневно ги открива нивните криминални шеми, тогаш секој ден зборуваат дека „имаат чувство“, му наредуваат на обвинителот преку собраниската говорница и преку медиумите што да прави.

    Така изгледа правната држава под Мицкоски и криминалната група ВМРО.

    Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!, велат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56

    Студентите на средба со премиерот и министерката Јаневска

    28.10.2026 во 12:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.