Close Menu
Press24
    Најново

    Вучиќ: За пет дена срушија и уништија сè

    30.10.2026 во 21:42

    Скокна цената на нафтата

    30.10.2026 во 21:23

    Сали во Даблин: Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на средбата со Томас Бирн

    30.10.2026 во 21:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вучиќ: За пет дена срушија и уништија сè
    • Скокна цената на нафтата
    • Сали во Даблин: Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на средбата со Томас Бирн
    • Го собориле на под, а кога го отвориле багажникот останале во шок – српската полиција во акција
    • Целосен хаос во Варшава – Полскиот претседател итно се враќа од патување поради вонредна состојба
    • Трагедија во Велс: Избодена жена починала откако со автомобил тргнала кон болница поради доцнење на брзата помош
    • Русија повеќе нема да биде безбедна дури ни далеку од фронтот – Зеленски најави напади врз нови цели
    • Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Гостивар повеќе од четири недели е без чиста вода, а надлежните бегаат од одговорност

    СДСМ: Гостивар повеќе од четири недели е без чиста вода, а надлежните бегаат од одговорност

    09.08.2026 во 10:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Повеќе од четири недели Гостивар е без чиста вода. Повеќе од 4.700 граѓани завршиле во болница. Епидемија на жолтица. И до денес – ниту едно стручно лице од надлежна институција не излезе пред јавноста да каже каква е реалната состојба со водата. Ниту еден официјален документ. Ниту една потпишана експертска проценка – наведува СДСМ во соопштението. 

    „Зошто? Затоа што никој не сака да потпише документ со кој би го потврдил тоа што го бара Мицкоски, бидејќи потоа би можел кривично да одговара.

    Наместо стручните лица и институции, јавноста ги слуша „експертите“ на власта:

    •  Клековски – НВО менаџер

    •  Христијан Мицкоски – машински инженер

    •  Панче Тошковски – правник 

    •  Стојанче Ангелов –  полицаец/специјалец

    Машински инженер, полицаец, правник и НВО-менаџер ни ја објаснуваат хиперхлорацијата, чистењето на цевководите, епидемијата на жолтица и квалитетот на водата за пиење.

    Ова е лицето на оваа Влада. Експерти за сè. 

    Кога треба да се превземе одговорност – нема експерт, нема институција, нема потпис.

    Кога треба да се избегне одговорност, има прес-конференции и изјави без покритие.

    Повеќе од еден месец луѓе се трујат.

    Повеќе од 4.700 лица завршија во болница.

    А државата сè уште нема капацитет да издаде еден единствен стручен наод.

    Граѓаните на Гостивар не бараат политички изјави.

    Бараат чиста вода и одговорност.

    Досега го нема ниту едното, ниту другото“, велат од СДСМ. 

    Прочитај повеќе

    Сали во Даблин: Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на средбата со Томас Бирн

    30.10.2026 во 21:19

    Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси

    30.10.2026 во 19:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.