ВМРО-ОКГ повторно се обидува да ја претстави својата изолација како „достоинство“. Но достоинството не се гради со празни фрижидери, со реформи кои не постојат и со европски пат кој е целосно запрен, се вели во соопштението од СДСМ.

-Мицкоски ветуваше подобри преговарачки позиции со Европа. Две години подоцна, резултатот е јасен: целосна блокада, нула поместување и длабока изолација. Ова не е подобра позиција. Ова претставува национален пораз за сите граѓани на Македонија. Ветуваше дека Реформската агенда ќе биде исполнета до 1 јуни. Денес повеќе не го споменува тој рок, велат СДСМ.

Според нив, Европската иднина што ја ветувал се претвори во изолација и чекање „покана од Европа“.

-СДСМ не загрози никакви национални интереси. Тоа го потврдија самиот Мицкоски, претседателката Сиљановска и Тимчо Муцунски. Националниот интерес е заштитен. Затоа нивниот наратив за „отстапки“ е чиста пропаганда за внатрешна употреба. Ова што сега го прават Мицкоски и организираната криминална група ВМРО, претставува загрозување на националниот идентитет преку изолација на земјата, како и загрозување на иднината на граѓаните и на идните генерации во Македонија. Особено е цинично кога за патриотизам и национален идентитет зборува влада во која министри, пратеници и нивните семејства имаат бугарски државјанства, европски пасоши и фирми во Бугарија. Тие си обезбедиле приватна Европа за себе и за своите семејства, а на граѓаните им продаваат лажно достоинство и лажен патриотизам, велат од партијата.

Според нив „Мицкоски дојде на власт со лаги и со лаги владее. Сега, кога нема пари за криминалните тендери, прави реконструкција на Владата само за да ја замаи јавноста и да купи време”.

-Мицкоски преку создавање политички кризи, измените на Изборниот законик и неисполнувањето на Реформската агенда се обидува да создаде алиби за предвремени избори, бидејќи повеќе не може да го крие фактот дека нема резултати во ниту една област, дека буџетот е празен, а економијата е во катастрофална состојба. Во таа игра му помагаат и партнерите од тендер-коалиција и сателитските партии. СДСМ нема да учествува во оваа претстава. Нема да му бидеме алиби за изборите што ги бара поради паника од падот на рејтингот и празниот буџет. Народот веќе знае. Лагите и пропагандата повеќе не поминуваат. Народот победува! Европска Македонија ќе победи!, стои во соопштението на СДСМ.

Exit mobile version