Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Додека арамијата бара модел, граѓаните плаќаат поскапи сметки

    СДСМ: Додека арамијата бара модел, граѓаните плаќаат поскапи сметки

    16.10.2026 во 16:532 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Прво рече: нема поскапување на струјата. Тој е „институција“ и гарантира. Штом зине – лаже, велат од СДСМ.

    „Сега цената останува иста до крајот на годината. Нема промени во тарифните блокови.

    Претходно рече: бараме модел. Еве го моделот. Ќе биде поскапо после Нова година.

    Денеска самиот рече: за тоа што ќе се случува од 1 јануари, да почекаме што ќе кажат енергетските компании.  Не може да ја прејудицира Регулаторната, а он ги постави луѓето, он управува со нив. Значи, најава и лажна изјава. Како и секогаш.

    Сите знаеме кој ја сака увозот на струја. Кој става броила. Мицкоски–Адамовиќ–Божиновска–Лазаревиќ. Истиот круг. Истите провизии. Истите паметни броила што не се по закон. Народот плаќа. Бандата заработува.

    Како и сè што Мицкоски ќе каже, секогаш спротивно.

    Секоја најава на поевтинување резултираше со скок на цените до плафон. Гориво. Храна. Парно греење. Струја. Сега гарантира: за три години ќе се живее подобро. Исти копи-пејст реченици од Вучиќ. Човекот нема ништо свое. Менторот управува со него.

    Три години по скоро три години мандат. Значи уште една најава за избори. Само уште да најде сателит што ќе фрли ракавица и ќе даде алиби за немање пари во буџетот.

    Светска банка вели имаме третина од стандардот на ЕУ. Не трета економија. Третина. Минималната плата закована на 26.000 денари. Кошничката со кирија за стан околу 90.000 денари. Три минимални не ја покриваат. А арамијата црта илјада евра и стабилност.

    Струјата останува иста – додека не поскапи. Животот ќе биде подобар – за три години. Истите бајки. Истиот метод.

    Цената не се држи со изјави, се држи со производство. Не се задржува цената со увоз, ама арамијата го сака увозот. Цената се задржува реформи, не со изолација.

    Без ЕУ нема ни зголемување на стандардот ни економска сигурност. Тоа е единствениот пат. Ама Мицкоски не сака ЕУ. ЕУ бара соработка со европското обвинителство, и тоа веднаш.

    Затоа постојани конфликти. Секогаш некој друг крив, а реформите што се услов за ЕУ не ги споменува уште од 1 јуни кога вети.

    Додека арамијата бара модел, граѓаните плаќаат поскапи сметки“, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.