Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дневен хороскоп: Овните ги чекаат нови можности, Близнаците со порака од минатото
    • Димитриеска-Кочоска: Добро ни оди, растеме
    • Денеска ќе нема струја до 13 часот – ЕВН најави исклучувања
    • ВМРО-ДПМНЕ: Парите од прославата за независност се транспарентно објавени
    • Нови правила за влез во Шенген: ETIAS станува обврска за македонските граѓани
    • ВИДЕО: Пожарот во Шутка пеплоса повеќе дуќани
    • Димитриеска-Кочоска: Мора да го сочуваме инвестицискиот циклус, економијата се движи по добра траекторија
    • Јакимовски со спакуван куфер чека бирократија во Шутка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

    СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

    14.08.2026 во 18:131 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владата треба веднаш јавно да го објави целосниот извештај и анализите за водата во Гостивар, стои во соопштението на СДСМ.

    Несериозно и неодговорно е, по сè што се случуваше во Гостивар, од граѓаните повторно да се бара да веруваат само на изјави.

    Особено затоа што власта постојано даваше различни информации а изјавите на владините функционери во изминатите пет недели беа различни и контрадикторни.

    Прашање е и зошто досега ниту еднаш јавно не е објавена целосна анализа на водата за Гостивар?

    Нема документ. Нема извештај. 

    Затоа СДСМ бара Владата денеска да овјави целосен извештај за водата во Гостивар.

    Кои се резултатите од анализите и која институција ги извршила?

    Кој го потпишал извештајот?

    Кој одобрил користење на водата и кој со својот потпис гарантира дека таа е безбедна за граѓаните?

    По 5.000 илјади граѓани со здравствени проблеми и по сите контрадикторни информации од институциите, повеќе нема простор за усни уверувања.

    За здравјето на граѓаните мора да постои документ, стручна анализа, институционална одговорност и потпис.

    Граѓаните бараат една едноставна работа: чиста и безбедна вода и имаат право да ја знаат целата вистина.

    Бидете барем еднаш сериозни и одговорни – објавете документ, додаваат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Парите од прославата за независност се транспарентно објавени

    11.09.2026 во 10:30

    Димитриеска-Кочоска: Мора да го сочуваме инвестицискиот циклус, економијата се движи по добра траекторија

    11.09.2026 во 10:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.