СДСМ: Aрсовска е иста како нејзиниот ментор Груевски, се противи парите да завршат кај граѓаните

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска, е иста како нејзиниот ментор Никола Груевски, се противи секогаш кога парите завршуваат кај граѓаните, обвинуваат од СДСМ.

Како што велат од таму, додека минималната плата растела, ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска биле против секое ново покачување.

„За Арсовска зголемувањето на минималната плата било вештачко, ќе довело до колапс на илјадници претпријатија, а економијата тоа не можела да го поднесе.

Арсовска, кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, без срам и перде се обрати на ‘Текстилијада’ да зборува за работнички и женски права, кога токму текстилните работнички имаа најголема придобивка од минималната плата“, се наведува во партиската реакција.

Во неа се посочува дека во изминатите четири години СДСМ минималната плата ја покачиле за над 6.000 денари, од 9.000 на 15.200 денари.

„Со ревитализација на економијата и успешното надминување на последиците од корона-кризата, намерата е минималната плата до крајот на годината да изнесува 18.000 денари. Тоа е двојно или стопроцентно зголемување во однос на 2017 година“, нагласуваат од СДСМ од каде додаваат дека Арсовска се грижи само за зголемување на приходите на бизнисмените, а не на работниците.

09.10.2021 - 12:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега