Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Апсење во Тетово: Ја малтретирала својата ќерка и нејзиното десетмесечно бебе
    • Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже
    • И македонското Министерство за здравство привремено ја прекинува вакцинацијата со БСЖ
    • Европа забавува, Западен Балкан забрзува: Светска Банка проектира раст од 3,1%
    • Мицкоски: Пензискиот систем е стабилен, пензионерите нема за што да се грижат
    • Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет
    • Времено запрена вакцинацијата со БСЖ по информациите за несакани реакции во Хрватска
    • За една недела истекува куќниот притвор на Артан Груби – тој нуди 335.000 евра за да му го вратат и пасошот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Арамијата Мицкоски денеска дели царински возила – нека одговори каде поминаа петте тони дрога?!

    СДСМ: Арамијата Мицкоски денеска дели царински возила – нека одговори каде поминаа петте тони дрога?!

    14.09.2026 во 10:152 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денеска шефот на ВМРО-ОКГ оди на Табановце да се слика со специјализирани возила за Царина. Проект на ЕУ, велат од СДСМ.

    Камери. Лента. Говор за борба против организиран криминал.


    Нека одговори прво ова: Што е со петте тони дрога?


    Седум месеци нема одговор.


    Пет тони марихуана слободно ја минаа границата и завршија во село Коњух во Србија, кај висок функционер на СНС – сестринската партија на ВМРО.


    Кај човек близок до Братислав Бата Гашиќ, поранешен министер за полиција, директор на БИА, министер за одбрана. И до ден-денес тишина.


    Мицкоски со денови снимаше филмски акции. Запленуваше канабис пред камера. Обвинуваше. Се правеше ловец.


    По повеќе од седум месеци за петте тони што излегоа од државава – ни збор. Ни истрага што се гледа. Ниту одговорност. Ниту име.


    Како, со камери „Safe City“, со гранична полиција, со царина, со скенери, пет тони минуваат како да нема држава?


    Како никој нема информација? Бандата гледа настрана кога товарот оди кон сестринска партија.


    И сега, кога веќе оди на свечено предавање возила платени од ЕУ, нека се сети што не заврши.


    Не ги заврши реформите што им ги вети на граѓаните. Истече и вториот рок.


    Ланската година добија грејс-период од дванаесет месеци. Јуни помина. Домашната задача стои. ЕУ бара независни институции. Да нема нарачки по телефон во полиција, во суд и во обвинителство.

    Последниот извештај на Европската комисија е катастрофален токму тука: мешање и притисок врз правосудството, сериозна закана за независноста на судовите.

    ЕУ не носи возила за да се слика арамијата. ЕУ бара слободни институции што не одговараат на организирана криминална група. ВМРО-ОКГ сака институции што одговараат на Мицкоски.


    Затоа Македонија стои во место. Затоа границата е сито кога треба. Затоа камерата работи на церемонија, а не на шверц.


    Денеска нема потреба од нов говор. Има потреба од еден одговор од Мицкоски: како пет тони излегоа, кој молчеше и зошто шефот на бандата се прави слеп токму кога сестринската мрежа е во кадарот?!


    СДСМ нема да гледа лента. Ќе го гледа товарот што помина. Додека Мицкоски дели возила против криминал, криминалот си ја заврши работата, додаваат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже

    06.10.2026 во 12:30

    Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет

    06.10.2026 во 12:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.