Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ Аеродром: Бруталното врсничко насилство бара итна одговорност и реакција на институциите

    СДСМ Аеродром: Бруталното врсничко насилство бара итна одговорност и реакција на институциите

    02.07.2026 во 12:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДСМ Аеродром најостро го осудува бруталното врсничко насилство врз малолетно девојче во Аеродром. Сцените на тепање, понижување и снимање на насилството од страна на други малолетници се срам за општеството и доказ дека институциите сериозно потфрлаат во заштитата на децата, велат од СДСМ.

    Го повикуваме Министерството за внатрешни работи итно да го расчисти случајот и да ја утврди одговорноста на сите учесници и итно да истражи дали се точни наводите во медиумите дека полициски службеници во полициската станица во Лисиче не преземале ништо по презентирањето на видео снимката од страна на лица кои дошле да го пријават насилството? Дали е точно дека пријавувачите биле вратени со изговор дека жртвата треба сама да го пријави насилството?

    Истовремено бараме одговори и од Општина Аеродром и градоначалникот Дејан Митески. Безбедноста на децата не смее да биде тема за молк и пасивност.

    Каде се превентивните програми? Каде е соработката со училиштата, стручните служби и родителите? 

    Што презела Општина Аеродром за спречување на врсничкото насилство кое очигледно станува сè почеста појава?

    Бараме итна координирана акција на сите надлежни институции, психолошка поддршка за жртвата и конкретен план за превенција на врсничкото насилство во сите училишта на територијата на Општина Аеродром.

    Безбедноста на нашите деца мора да биде највисок приоритет на сите институции кои имаат надлежност во заштитата на децата, стои во реакцијата на СДСм.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.