Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Анкети за покривање на слободниот пад на Мицкоски

    СДСМ: Анкети за покривање на слободниот пад на Мицкоски

    05.07.2026 во 10:452 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вчерашната нарачана анкета на ВМРО-ОКГ и последната „анкета“ на нивниот партнер Максим Димитриевски објавена денес, се огледало на истата лажна реалност во која живее владејачката тендер коалиција, велат од СДСМ.

    Во анкетата на ВМРО-ОКГ, СДСМ е веќе втора партија, а ВМРО бележи нов пад од 3,5% за само два месеци. 

    Во анкетата на Максим, ЗНАМ е прва партија во Македонија и посилна од ВМРО-ОКГ. 

    Партија која повеќе не постои во ниту една сериозна анкета, која ја напуштаат и последните членови, а чиј лидер е дел од владеачката тендер коалиција, сега објавува дека е најсилна политичка сила во државата.

    Сè што допрва објавуваат и ВМРО-ОКГ и нивните сателити е целосно бесмислено. 

    Толку многу лажат што веќе немаат ниту граници, ниту срам. 

    Нарачани анкети, нарачани „истражувања“, нарачани заклучоци – сè е дел од истата операција за креирање на лажна реалност во која ВМРО-ОКГ и неговите партнери сателити се „непобедливи“, додека во реалноста се во слободен пад.

    Мицкоски, поради сопствените лаги во кампањата и сега додека ја води владата, толку многу го изгуби рејтингот, а криминалната организација ВМРО-ДПМНЕ загуби преку 150.000 гласови.

    Мицкоски упорно бара алиби од опозицијата за избори. 

    Секојдневно инсистира некој од опозицијата да го „предизвика“ на избори, иако факт е дека тој веќе ги има зацртано датумите. 

    Не може повеќе да чека економијата и буџетот целосно да се урнат. 

    Како што предупредивме – кога ќе нема повеќе пари, односно кога ќе се исцрпи можноста за задолжување за криминални партиски тендери, Мицкоски ќе биде принуден да распише предвремени избори, додаваат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.