Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ОЈО ГОКК координираше акција поради сомнение за примање поткуп и награда за противзаконито влијание
    • Мелони децидна: Италија мора сама да произведува повеќе нафта и гас за да ја намали увозтната зависност
    • Норвешката принцеза Астрид почина на 94-годишна возраст
    • Мицкоски: Продолжуваме посветено и одговорно да работиме на спроведување на реформите
    • Полски десничарски пратеник со чекан демолираше споменик на Украинци
    • Ескалација во Бундестагот: АфД го обвинува Мерц за клевета и бара одземање на имунитетот
    • Превозниците нема да протестираат в понеделник, ќе се бара решение со ЕУ
    • Вреди: Јакуп Хусеини за Брвеница
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Власта нема резултати и пари – Се тепаат за фотелји и бизниси

    СДСМ: Власта нема резултати и пари – Се тепаат за фотелји и бизниси

    26.06.2026 во 10:152 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Тендер коалицијата на Христијан Мицкоски се распаѓа пред очите на граѓаните. Наместо Влада којашто работи за интересот на граѓаните гледаме отворена тепачка за фотелји, позиции и бизниси, која се заканува да премине во вистинска војна меѓу криминалните кланови, стои во соопштението од СДСМ.

    ЗНАМ, партијата која беше создадена и финансирана од Мицкоски, повеќе не постои. 

    Преостанати се само двајца – Максим Димитриевски и Горан Минчев, кои сега се во директна борба за влијанија.

    Димитриевски има свој човек и го сака Министерството за земјоделство а од друга страна Минчев не го сака Министерство за земјоделство, бидејќи знае дека таму парите се скратени а земјоделците се крајно незадоволни. 

    Филков сака да остане на позицијата министер за правда, за да може да ја контролира правдата, да ги спречува истрагите и да ги спроведува планираните тендери. 

    Стравот од одговорност и од идни истраги е оној што го тера да се држи до Министерството за правда по секоја цена.
    Мицкоски, во меѓувреме, бара изговор за предвремени парламентарни избори. 

    Буџетот е празен, а можностите за ново задолжување се исцрпуваат. 

    Не може да си дозволи да не ги исплати пензиите. Затоа ќе се обиде да се задолжи до максимум, а кога повеќе нема да може – ќе побара излез преку избори.

    Досега не успеа да добие алиби од опозицијата. Сега се обидува да го добие од некој од своите сателити, но и тие знаат дека таков потег ќе ги етикетира како соучесници во политичка манипулација.

    Ова е слика на една организирана криминална група која се распаѓа одвнатре. 

    Кога нема резултати, кога нема пари, а стравот од истраги расте – тогаш започнува тепачка за фотелји и за контрола над институциите кои можат да ги заштитат од одговорност.

    Ова не е борба за подобра Влада. Ова е борба за опстанок на криминална структура која се распаѓа.

    Време е за вистина и правда.

    Време е граѓаните да ја вратат власта во свои раце.

    Just In Opinion Top News
    Прочитај повеќе

    Вреди: Јакуп Хусеини за Брвеница

    11.09.2026 во 17:32

    Мицевски до СДСМ: На вашата неинвентивност нема крај

    11.09.2026 во 17:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.