Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Мицкоски немаше каде – призна дека ја носи Македонија кон долг од 12 милијарди евра

    СДСМ: Мицкоски немаше каде – призна дека ја носи Македонија кон долг од 12 милијарди евра

    06.09.2026 во 10:532 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Додека народот едвај врзува крај со крај, цените растат, а платите стагнираат, Мицкоски трупа нови милијарди долг на грбот на граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.

    „Уште полошо, заедно со Кочовска се обидуваат да го фингираат јавниот долг и да ја излажат јавноста.

    Откако претседателот на СДСМ, Венко Филипче, објави дека Владата донела одлука за ново задолжување од 1,3 милијарди евра, Мицкоски два дена молчеше.

    Мицкоски немаше каде – призна дека ја носи Македонија кон долг од 12 милијарди евра.

    Но, во обид да се оправда, изнесе нови лаги.

    Ако задолжувањето од 1,3 милијарди евра е за 2027 година, како што тврди Мицкоски, зошто Владата брзала да носи одлука пет месеци порано? И зошто ја сокрила од јавноста оваа одлука?

    Одговорот е јасен: пари нема, касата е празна.

    Втората лага е дека долгот од 350 милиони евра на ЈПДП не влегува во јавниот долг.

    Законот за јавен долг е јасен – во јавниот долг влегува и гарантираниот долг на јавните претпријатија и акционерските друштва основани од државата.

    Мицкоски и Кочовска го фингираат јавниот долг спротивно на законот, а за тоа мора да има одговорност.

    Нема ниту никаков „рамковен заем“ што може да ја прикрие катастрофалната состојба во ЈПДП.

    Вистинската тема од која Мицкоски бега е долгот. Македонија ја носат кон 12 милијарди евра долг.

    Пред Мицкоски за камати се плаќаа околу 120 милиони евра, сега сумата достигнува 350 милиони евра.

    Додека граѓаните стануваат посиромашни, државата станува сè позадолжена.

    Тоа е економијата на Мицкоски: празни џебови и празни фрижидери за народот, а 4 милијарди евра нов долг на грбот на граѓаните за само две години“, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е видливо нервозен и во паника

    06.10.2026 во 21:56

    Конески: Владата ги става младите во центарот на политиките, преку пракси ги поврзуваме студентите со локалните самоуправи

    06.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.