Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: „10 милијарди евра за 10 години ќе донесе само нови камати и помалку пари за плати и пензии”

    СДСМ: „10 милијарди евра за 10 години ќе донесе само нови камати и помалку пари за плати и пензии”

    09.06.2026 во 08:232 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владата на Мицкоски објави „10 милијарди евра за инфраструктурни проекти во наредните 10 години“. Ова не е развојна стратегија. Ова е нова должничка замка за граѓаните. Ова го велат од опозициската СДСМ денеска преку соопштение упатено до јавноста.

    -Мицкоски веќе и додаде на Македонија преку 2,3 милијарди евра нов јавен долг за нешто повеќе од две години. Ако се реализира и дел од овие најави, долгот ќе надмине 12-13 милијарди евра, само нов долг. Тоа значи повисоки камати, поскапо задолжување и помалку пари за плати, пензии и јавни услуги. Покрај тоа, најавата предвидува само 57 километри автопат за 10 години – односно 5,7 километри годишно. Ова е крајно недоволно за сериозен економски раст и подобра поврзаност на земјата, велат од СДСМ.

    Додаваат дека уште поалармантно е што нема јасни извори на финансирање.

    -ЕУ фондовите се блокирани поради отсуство на реформи, буџетот е празен, а странските инвестиции паднаа за 60 отсто.  Единствената преостаната опција е ново задолжување – што значи уште поголем товар за граѓаните. Наместо да се фокусира на вистински развој преку продолжување на европскиот пат, подобрување на деловната клима, владата произведува пропагандни најави без финансиска и институционална подлога. Резултатот ќе биде уште поголем јавен долг, послаб економски раст и долгорочно послаб животен стандард за граѓаните. Доста е со лаги и празни ветувања, стои во соопштението на СДСМ.

    Picks
    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.