Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Апсење на скопскиот аеродром – скопјснец со муниција во рачниот багаж се обидел да излезе од државата
    • Нелегален ископ на песок во струмичко: Затекнати работници и возила без соодветна документација во река во Доброшинци
    • Полициска акција во Охрид: Дрога, лишувања од слобода и затекнат малолетник во дом во кој се вршела препродажба
    • Експлозија на шведски воен полигон: Неколку повредени
    • Голема меѓународна акција: Спасени 147 деца жртви на сексуална експлоатација
    • Земјотреси ја потресоа Грција: Регистрирани два посилни потреси
    • МВР со акција на терен: Уапсени 14 возачи и сослушани двајца малолетници
    • Во Штип ќе се јаде пастрмајлија за 250 денари
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СБ на ОН не ја усвои Нацрт-резолуцијата за трајно укинување на санкциите против Иран

    СБ на ОН не ја усвои Нацрт-резолуцијата за трајно укинување на санкциите против Иран

    19.09.2025 во 22:032 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Советот за безбедност на Обединетите нации денеска не ја усвои Нацрт-резолуцијата за трајно укинување на санкциите против Иран, но Техеран и клучните европски сили сè уште имаат осум дена да се обидат да се договорат за нивно одложување, јавија британските медиуми.

    Петнаесетчлениот Совет за безбедност на ОН денеска требаше да гласа за Нацрт-резолуцијата откако Велика Британија, Франција и Германија на 28 август го активираа 30-дневниот механизам за повторно воведување санкции на ОН, обвинувајќи го Техеран за кршење на договорот од 2015 година со светските сили, чија цел беше да го спречи да развива нуклеарно оружје.

    Русија, Кина, Пакистан и Алжир гласаа за Нацрт-резолуцијата, девет членки беа против, а двајца беа воздржани.

    Велика Британија, Франција и Германија, кои ја сочинуваат групата Е3, го активираа 30-дневниот процес за повторно воведување санкции на ОН врз Иран, поставувајќи услови што Техеран мора да ги исполни во септември за да ги убеди да го одложат механизмот за санкции.

    Понудата на Е3 е да се одложи повторното воведување на санкциите до шест месеци за да се овозможи сериозна преговори ако Иран повторно добие пристап до нуклеарните инспектори на Обединетите нации за да ги проценат своите залихи од збогатен ураниум, а Техеран треба да започне и разговори со САД.

    Прочитај повеќе

    Експлозија на шведски воен полигон: Неколку повредени

    18.09.2026 во 16:37

    Голема меѓународна акција: Спасени 147 деца жртви на сексуална експлоатација

    18.09.2026 во 16:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.